Може да го јадете како главно јадење, за појадок вечера..или како прилог на главното јадење. Денес на пример, ова ни беше прилог со гулашот за ручек. Едноставно е и многу вкусно, а се приготвува многу брзо.
Обично јас го правам со инстант палента, бидејќи многу е поедноставно и побрзо, а вие ако сакате можете да го правите со пченкарно брашно. Инаку, овој рецепт го имам од една, за мене омилена книга-готвач за тестенини, со тоа што јас направив мали измени.
Потребни состојки: 350 г инстант палента (пченкарни снегулки), 1 литар и 250 мл вода, 1 лажица сол. За прелив и наросување: 1 чаша кисела павлака (180 г), 100 г путер, 1 мала кесичка рендан пармезан
Постапка: веднаш да нагласам дека јас приготвува со инстант палента и секогаш ја приготвувам одокативно. Вие сварете ја според упатството ако е наведено на амбалажата или како што ви е знаете и умеете.
Значи, палентата сварете ја во солена вода и мешајте непрекинато додека да згусне. Додека е сè уште топла обликувајте ги њоките со помош на лажици, така што секојпат треба да ги натопите во топла вода.
Ако не „ви оди“ со лажици, тогаш њоките можете да ги обликување и со раце, но пред секое формирање треба рацете да ги натопувате во топла вода. на овој начин палентата нема да ви се лепи.
Плехот или огноотпорниот сад во кој ќе ги печете њоките, добро намастете го со путер. Потоа формираните њоки редете ги една до друга како што е прикажано на фотографијата.
Откако максимално ќе го исполните плехот, врз њоките распоредете малку путер (слично како кога печете кифли на пример). Одозгора рамномерно прелијте со киселото млеко и обично наросете со рендан пармезан.
Вака приготвените њоки од палента ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, околу половина час или додека убаво да заруенат. По желба може да зачините по вкус.
Доколку не користите инстант палента, туку пченкарно брашно, тогаш ставете ја водата на оган да зоврие, додајте сол, па истурете го пченкарното брашно додека непрекинато мепате за да не се формираат грутчиња.
Постојано мешајте и гответе на тивок оган околу 45 минути. Освен на овој начин, можете да ги приготвувате и на некој свој, на пример одозгора да наросите рендано сирење или кашкавал, киселата павлака да ја помешате со малку неутрална течна павлака и слично. / Бети / Сооlinarika.com