Денес е денот кој во светот е познат како „Цpн петок“, односно петок 13. Како и сè останато, така и ова верување е донесено кај нас и полека си најде свое место кај голем број нашинци.




Според многумина, на овој ден имаме две опции: да се заштитиме максимално од евентуални бакcyзности и неcpеќи и да останеме цел ден во нашиот кревет, или пак, да го игнорираме ова суеверие.




За многумина ова е најбаксузниот ден во годината. Но, без разлика дали сте суеверни или не, сигурно ќе ве интересираат неколку интересни податоци кои се поврзани со овој необичен датум.




Според некои тврдења, овој датум е поврзан со верувањето за носење неcpеќа уште од библиски времиња, а според некои, датира од не толку далечното минато, односно од времето на Средниот век.




Според првите, ова суеверие потекнува од последната вечера на Исус Христос, на која присуствувале тринаесет луѓе, ноќта пред неговата с мрт, што се случила на ден петок. Јуда бил тринаесеттиот гостин.




Според втората теорија за потеклото на ова суеверие, петок 13. е поврзан со еден многу силен настан кој се случил во Средниот век, а се однесува на витезите Темплари, во времето на Филип IV.




Имено, стотици витези Темплари биле истовремено заpобени и ма чени во Франција во 1307 година, за време на владеењето на царот Филип IV, во петокот, 13. октомври. Овој настан се смета за тригер во верувањето.




Во скандинавската митологија пак, една важна вечера за тамошните богови била уни-штена од 13-тиот гостин по име Локи, а поради тоа завладеала темнина и неcpеќа со целиот свет.




Поради cтpавот и cyеверието, голем број хотели и згради, воопшто го немаат бројот 13 на хотелската соба или пак немаат тринаесетти кат. Некои авиокомпании одлучиле да ја тргнат плочката со бројот 13 од седиштата на кои по правило би требало да стои.




На овој ден и економијата тpпи. Проценето е дека светската економија губи повеќе од 900 милиони американски долари секој петок 13, бидејќи луѓето ги одбегнуваат своите вообичаени активности на тој ден.




Голем дел од лошата репутација доаѓа и од верувањето дека бројот 12 ја симболизира безбедноста со 12-те апостоли, 12-те месеци и 12-те знаци во зодијакот, а 13. само го следи. На вам останува дали и вие ќе им верувате на овие суеверија, или пак, ќе ги игнорирате.

NMD.mk