Старецот Пајсис Светогорец бил роден како Арсениос Езнепидис во Кападокија и е еден од најпочитуваните монаси во Русија, Србија, Македонија, Бугарија и особено Грција. Познат е по своите духовни учења, а во блиска иднина се очекува негова формална канонизација како светец.




Тој цврсто велувал дека луѓето можат да се поделат на два вида, исклучиво на овие две групации: муви и пчели.  Поуките на Пајсис Светогорецот во врска со љубовта, животот, мислите и оптимизмот, често се цитираат.




Секој од неговите цитати во себе содржи духовна мудрост и совет за посреќен живот, со помалку грижи и повеќе радости. Често се занимавал со темата за позитивни и негативни мисли и за тоа, како тие влијаат врз човековата емотивна состојба и живот.




Една од неговите анегдоти за поделбата на луѓето на муви и пчели, говори симболично за оптимизмот и песимизмот, односно, за нашата способност и м оќ да го согледуваме убавото и доброто, па дури и тогаш кога делуваат л ошо. Прочитајте ја неговата поучна приказна и дознајте во која категорија припаѓате:




„Од искуство знам дека луѓето се поделени на две категории. Трета категорија не постои; луѓето припаѓаат или на едната или на другата. Првите многу потсетуваат на мувите.




Главната карактеристика за мувите е тоа што нив ги привлекува нечистотата. Кога на пример, една мува ќе се најде во градина полна со цвеќе со преубав мирис, таа нема ни да го забележи.




Мувата ќе биде привлечена од првата нечистотија на која ќе наиде на земјата. Ќе почне да кружи наоколу привлечена од реата и ќе се почувствува сосем угодно во смрдеата која се шири од нечистотијата.




Кога мувата би можела да зборува, а вие побарате од неа да ви покаже каде во градината се наоѓа ружата, таа ќе ви одговори: „Јас воопшто не знам како изгледа една ружа. Знам само како да најдам ѓубре и кал“.




Постојат луѓе кои потсетуваат на мувите. Луѓето кои припаѓаат на оваа категорија се навикнати да размислуваат негативно и во животот секогаш ги бараат лошите страни, незабележувајќи и одбивајќи го присуството на доброто.




Втората категорија се оние кои потсетуваат на пчели, чија главна особина е секогаш да трага по нешто слатко и пријатно. Кога пчелата би се нашла во просторија полна со нечистотија, со парче бонбона во некој агол, таа ќе ја занемари сета нечистотија и ќе слета на таа бонбона.




Кога од пчелата би побарале да ви покаже каде се наоѓа ѓубрето, таа би ви одговорила: „Не знам. Можам да ти покажам само каде се наоѓа цвеќето, сласта, медот и шеќерот“. Таа знае само за добрите нешта во животот, а оние л ошите не ги препознава.

Тоа е втората категорија на луѓе кои имаат позитивни мисли и ја гледаат само позитивната страна од нештата. Тие секогаш се обидуваат да го прикријат з лото за да ги заштитат ближните, за разлика од „луѓето – муви“ кои се трудат да го изложат з лото и да го изнесат на површина.

Кога некој ќе дојде кај мене и ќе почне да ги обвинува другите луѓе, ме доведуваат во т ешка состојба и јас им го кажувам примерот со мувата и пчелата. Тогаш му велам да одлучи во која категорија сака да припаѓа, за да пронајде луѓе од истата категорија и со нив да се дружи…“, објаснил мудриот старец.  / Извадок од книгата „Солзи за светот – старец Тихон, старец Порфириј, старец Пајсиј“