Неодамна, српска блогерка на својот Инстаграм профил објави едно интересно видео каде прикажува како успешно го исчистила бигорот од машината за перење алишта со помош на еден многу едноставен метод, за кој ви се потребни 2 состојки.
Сите беа воодушевени но, и изненадени поради толку лесниот начин за отстранување на стврднатиот бигор. Блогерката имаше многу позитивни коментари, кои велеа дека методот бил навистина успешен откако и самите го испробале.
За нејзиниот генијален трик ќе прочитате подолу во текстот, но најпрво таа открива кои предмети не треба да ги ставате во вашата машина за перење. За да ја заштитите вашата машина од брзо расипување, треба да внимавате што ставате во неа.
Најчесто домаќинките не би можеле да функционираат без машината за перење, бидејќи навистина е од голема помош, но кога таа ќе се расипе, нејзината поправка може да чини многу. Затоа, следниве работи не ги ставајте да се перат во неа:
На сите барем еднаш им се случило да заборавиме неколку монети во некој џеб од панталоните или јакната. Сепак, тие можат да направат голема ште-та. Ако монетите минуваат низ филтерот за време на перењето, тие можат да завршат во пумпата за одвод и да го yни-штат.
Тие, исто така, можат да се заглават во одводното црево и да го б локиpаат испуштањето вода од машината за перење, а во ретки случаи може да го оште-тат стаклото на вратата на барабанот.
Истото важи и за клучевите, кои неретко ги забоваме во некој џеб. Затоа, пред да ги ставите алиштата на перење, проверете ги сите џебови. Причината за тоа е што клучевите можат да ја изгребат внатрешноста на машината, да го оште-тат барабанот и стаклениот дел од вратничката.
Она што може да ја оште-ти вашата машина за перење е исто така гpадникот со жици. Жицата од гpадникот не само што може да ја оште-ти другата облека, туку може да ја уни-шти и гумата од машината за перење.
Влакната на вашето домашно милениче можат да ја оште-тат машината за перење бидејќи може да се залепат за барабанот или, уште полошо, да го затнат одводот. Исто така, треба да се внимава и на гумата од чевлите. Избегнувајте да ги перете во машината и подобро исперете ги рачно, бидејќи гумата може да ја оште-ти пумпата и одводот на машината.
Алиштата со мали димензии може да се заглават во недостапни делови, а исто така, перењето водоотпорна облека не е добро, бидејќи водоотпорниот материјал може да задржи вода. Ако оваа вода одеднаш се исцеди, се создава нерамномерна состојба во барабанот што може да доведе до дефект на истиот.
РЕЦЕПТ. Исчистете го каменот заглавен во машината за перење на многу едноставен начин. Со овој домашен препарат против бигор, машината за перење ќе биде повторно како нова.
Kaменот варовник ги нагpизyва сите делови на машината за перење, од најчувствителните до оние што ни изгледаат најотпорни на бигор. Потребни ви се само две состојки кои е потребно да ги ставите во делот каде што го ставате омекнувачот, детергентот и прашокот за перење.
Потребни ви се: сода бикарбона, која треба да ја ставите во преградата за детергент и ал-кохолен оцет, кој треба да го истурите во преградата за омекнувач. Потоа ставете една или две таблети за миење садови внатре во машината и вклучете ја машината да пере на 90 степени. После ова, машината ќе ви биде кристално чиста, а бигорот ќе го снема. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.