Денес стапувањето на брак може да биде од најразлични побуди. Некои девојки стапуваат во брак од погрешни причини, додека други стапуваат од добри причини, меѓутоа многу непромислено.
Децата растат со бајки во кои секоја љубов на крај завршува романтично, со брак, кој трае до крајот, а вљубената двојка живее среќно и безгрижно во радост и љубов. Меѓутоа, во реалноста не е секогаш така.
Некои жени искрено се вљубуваат во својот маж, но подоцна трети лица им ја расипуваат идилата. Некои пак се одлучуваат за брак од интерес, па подоцна сфаќаат дека зрешиле.
Денес се почесто може да се сретнат несреќни и дисхармонични бракови, каде еден или двајцата парнери се неcpеќни. Ова се некои од главните причини зошто жените одбираат погрешен маж и завршуваат во погрешен брак:
НЕДОВОЛНА ПРОМИСЛЕНОСТ. Кога влегувате во брак мора да проверите колку сте двајцата компатибилни, не само сега во моментов, туку и на долги стази, во идниот заеднички живот.
Главните прашања со кои мора да ги поминете со вашиот партнер се вера, проширување на семејството и идните намери. Доколку стапите во брак со некој кој не ги дели вашите уверувања.
ПРЕБРЗО СТЕ ВЛЕТАЛЕ ВО БРАК. Секоја врска на почеткот е одлична и идилична, па погрешно е да се стапува во брак токму во овој период, бидејќи тој за жал, е краток и минлив.
Дури подоцна, како што минува времето, на површина излегуваат сите мани и можете целосно да го осознаете карактерот на вашиот партнер. Но тогаш веќе е доцна, кога ќе сфатите дека сте завршиле во погрешен брак.
ПРЕМАЛКУ СТЕ ВЛОЖУВАЛЕ ВО ВРСКАТА. Лошиот брак е често последица од недоволна посветеност кон партнерот. Премногу сте се осудувале еден кон друг, премногу сте се карале, сте правеле работи еден против друг.
ИМ ЗАВИДУВАТЕ НА ТУЃИТЕ „ИДИЛИЧНИ“ БРАКОВИ. Голем број жени се убедени дека завршиле во погрешени бракови, бидејќи ги посматраат другите жени кои навидум живеат идиличен живот со своите мажи. Поентата е дека не постојат такви бракови, а луѓето се навикнати (заради престиж или пак од други причини), да ги прикриваат своите проблеми.
ТРЕТА ЛИЧНОСТ УСПЕАЛА ДА ВЕ ОДАЛЕЧИ. Без разлика дали станува збор за симпатија кон трето лице или вистинска афера, и обете работи доведуваат до отуѓување во бракот.
Бидејќи сте вљубени (платонски или на друг начин) во трето лице, вие постојано ги гледате само мааните на вашиот маж, а заборавате на неговите врлини. Третото лице е причината зошто сметате дека сте во лош брак, па можеби сè уште не е доцна да поработите на него.