Потребни состојки:

500 г мелено месо

2 главици кромид

2 чешниња лук

1 јајце

3 лажици презла

по потреба сол, црн пипер, толчена пиперка и уште:

6-7 компири

2 пиперки

2-3 лажици масло

4-5 лажици пасиран домат

3 лажици вода

по потреба сол, сув зачин

Постапка:

Кромидот ситно исечкајте го, помешајте го со месо и со сите зачини за ќофте, оставете во фрижидер 30-тина минути.

Од смесата обликувајте ќофтиња, малку спласкајте ги. Компирот исечете го на тркалца, малку посолете и зачинете.

Во намастен сад за печење редете 2-3 компири, ќофте, па пак компир, повремено ставајте парче свежа пиперка или тркалце кромид и се додека да се потрошат сите намирници.

Доматното пире разматете го со вода па прелијте преку компирот и ќофтињата. Печете на 200 степени додека компирот да порумени.