Сладете се овој зеленчук во текот на целата година. Тиквичките во избилие ги има речиси преку цело лето, евтини се, многу здрави, а од нив може да се приготвуваат најразлични видови јадења и сите се премногу вкусни.




Откако еднаш ќе замрзнете тиквичките, кога ќе сакате да ги употребите, потребно е да ги извадите од замрзнувачот и веднаш да ги употребите на начин на кој претходно сте одбрале (во зависност од јадењето што ќе го подготвувате).




Тоа значи дека замрзнатите тиквички не мора да ги чекате да се одмрзнуваат, туку веднаш, такви се користат. Оние што ситно сте ги исечкале, само ставете ги во чорбата или варивото, некаде пред крајот на готвењето, бидејќи кратко се варат.




Не се одмрзнуваат ниту оние што сте ги намениле за полнење. Се филуваат, односно полнат додека се такви смрзнати. Потоа само ставете ги во рерна да се печат или во тенџере на рингла да се варат.




Се похуваат така што замрзнатите тркалца веднаш ги ставате во брашно, па во јајца и на крај во презла (лебни трошки). ваха похувани можете да ги печете во рерна врз хартија, со малку масло, или пак можете класично да ги пржите во масло на тава.




ПОСТАПКА: Тиквичките измијте ги убаво со ладна вода. Младите нема потреба да ги лупите, зошто токму во кората се содржи најголемата количина на хранливи материи. Само отстранете ги тврдите делови од краевите.




Доколку тиквичките се постари, тогаш излупете ги, затоа што имаат потврда кора. Потоа исечете ги на облици по ваша желба, во вид на ситни коцкички, рендани, шнити или тркалца, а ако сакате за полнети тиквички, тогаш издлабете ги.




Најпрактично е тиквичките да ги наредите на некој послужавник, односно на рамна површина, па откако ќе се замрзнат да ги наредите во кеси или пластични кутии и така да ги чувате во фрижидерот.




Единствено тиквичките кои се наменети за похување се приготвуваат на малку поинаков начин за замрзнување. Наредете ги плех обложен со хартија, па ставете ги кратко да се попечат во загреана рерна на 200 степени.




Доволно е да фатат само тенка коричка, а за тоа приближно потребно е околу 10-15 минути. Претходно треба малку да се посолат. Потоа оставете ги да се оладат, па соберете ги во кеси и замрзнете ги. Сите детали од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.