Рецепт на Аурора Рецепти. Наполеон торта – толку едноставна и неодолива, ќе ја изедете веднаш од што е лесна. Многу вкусна и позната торта која ја вклучувам помеѓу најбрзите за подготовка.




Многу е лесна за јадење, а веднаш штом ја пробате ќе сакате уште едно парче. Потребни ви се само неколку состојки кои веројатно постојано ги имате дома. Воопшто не е премногу блага, ниту тешка така што можете да јадете колку сакате.




Потребни состојки: 800 г лиснато готово тесто. За фил: 750 мл млеко, 200 г шеќер, 7 лажици брашно, 4 јајца, 2 ќесички ванилин шеќер, 200 г путер.

Постапка: Ставете го млекото да зоврие. Во меѓувреме во подлабок сад ставете 4 јајца и 200 г шеќер. Наместо ванилин шеќер може да ставите екстракт од ванила. Изматете со миксер, па постепено додавајте го брашното додека се уште матите со миксерот.




Додајте 2 кутлачи од врелото млеко и повторно изматете. Соединете ја смесата со млекото и вратете повторно на рингла. Гответе околу 10 минути за да се добие убав густ прелив, со повремено мешање.




Потоа префрлете ја смесата во подлабок сад и одозгора завиткајте со проѕирна фолија за да не фати коричка. Подгответе го готовото лиснато тесто, во претходно загреана рерна на 220 степени, околу 20 минути.




Јас секогаш користам 2 лиснати кори, прво ја печам едната па другата. Пред да ги ставите на печење со н ож направете мали посекотини во тестото, како да боцкате со чепкалка за да не се надуе.




По печењето, пресечете ги краевите од двете кори и тргнете ги настрана, а двете кори поделете ги на половина за да добиете 4 мали кори. Оставете малку кората да подизлади. Во подизладениот крем додајте го путерот и измешајте со миксер и додајте 1 – 2 лажички шеќер во прав.




Во пресечените краеви од кората, издробете ги ситно. За ова потребно е корите да бидат целосно изладени. А откога ќе ги издробите ситно, додајте 1 – 2 лажички просеан шеќер во прав со 1 ќесичка ванилин шеќер и добро промешајте.




Започнете со филување на корите, на секоја кора ставајте по 3 големи супени лажици од филот или повеќе, па добро распоредете по целата површина на тортата. Овој фил го користам и кога подготвувам принцес крофни или крем пита, многу е убав и лесен.




По премачкувањето, ставете ја втората кора, па повторно премачкајте се додека да ги ставите сите 4 кори. Со последната кора се премачкува целата торта по страните и одозгора, а на крајот се наросува со издробените благи трошки. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.