Во светот отсекогаш се ценеле и користеле производите добиени од лековитата билка бозел. Напролет кога цвета со прекрасни широки бели цветови, оние што се можност, ги берат цветовите од бозелот кој расте како грмушесто дрво, а од нив приготвуваат вкусен и освежителен сок.




Од неодамна овој сок почнаа да го произведуваат и некои познати производители, но колку во нив навистина се содржи билката бозел, точно не знаеме. Доколку се остават цветовите преку летото, од нив ќе се формираат бобинки.




Овие бобинки не треба да се берат кога се зелени, туку треба да се сочекаат целосно да созреат, односно додека да станат темновиолетови-црни. Ситните бобинки се одлична храна за птиците и тие лесно ги дигестираат, за разлика од човекот.




Луѓето мора термички да ги обработат овие бобинки пред да ги јадат. Истите може да се подготвуваат во вид на сируп, сок, џем, мармалад, вино, чај…но, најпознат е ферментираниот џем кој е познат и како многу ефикасен лек за разни болести.




Последниве години луѓето започнаа јавно да говорат за своите позитивни искуства со овој ферментиран џем, па така, имавме можност да дознаеме за бројни случаи кои болеста ја ставиле во рецесија токму со помош на оваа билка.




Сè повеќе луѓе се охрабрија, заминаа во природа да ги наберат овие ситни бобинки, па самите го направија и го испробаа. Оние од постарата генерација се сеќаваат дека кога биле деца, нивните родители им укажувале да стојат настрана од овие бобинки и да не ги јадат.




Со право ги советувале, бидејќи сите делови на оваа билка, освен цветовите и зрелите бобинки содржат супстанција која е от-ровна за цицачите. Од тие причини, бобинките иако се зрели, потребно е термички да се обработат или да се остават да ферментираат.




За да ферментираат, бобинките се мешаат со шеќер и се остават да отстојат две седмици со секојдневно промешување за да се растопи шеќерот. На крајот, кога после 15 дена ќе заврши ферментацијата, од шеќерот нема да остане речиси ништо.




Имено, во тој процес се случуваат хемиски реакции слични како кај оние кои се случуваат при ферментацијата на виното, па така, крајниот производ е ферментиран џем, а не слатко или сируп. Се користи како лек.




Овој џем го приготвува и нашата редовна читателка Лепа Алексова која пред неколку години ни ја раскажа нејзината приказна. „Јас го правам овој џем, а на сите што сум им го дала се задоволни, бидејќи нивните резултати се подобруваат.




Ние бевме со стома поради карцином на дебело црево, а пред три месеци ја вративме стомата“, раскажа тогаш Лепа Алексова за НМД.мк „Сега сме добри и пет скенот е добар. Лекот е здравје, го споделувам на сите, правам за мене, но и за сите на кои им е потребен“, раскажа Лепа.

Лепа Алексова го сподели и рецептот според кој таа го приготвува овој џем. Потребни состојки: 4 шолји за кафе, зрели бобинки од бозел и 2 шолји за кафе шеќер. Ова е приближниот сооднос.

Постапка: се берат бобинките, се чистат од гранчињата, се мијат и се оставаат убаво да се исцедат, бидејќи не треба да бидат влажни кога ќе се ставаат во теглата. Потоа во  стаклена тегла се става ред бобинки од бозел, ред шеќер, додека да се исполни теглата (не до крај, за да може да ферментира и да се меша).

Се затвора со двојна газа и се остава 15 дена да ферментира. Секој ден се промешува со дрвена лажица најмалку трипати. После изминатиот период ферментираниот џем е готов и може да почне да се употребува.

Наутро на гладно се јаде по една лажица. На почетокот најдобро е да се почне со една мала лажичка, а после неколку дена да се продолжи со супена лажица. За една година, ако се зема како лек, но и за подобрување на имунитетот, најдобро е да се потрошат пет тегли, континуирано“, вели Лепа.