Овој трик ќе ви помогне да ги исчистите листовите на вашите билки од прашина и да го вратите нивниот убав здрав сјај. Ова особено се препорачува за широколистестите салонски цвеќиња кои многу често се главниот украс во затворените простории, пишува НМД.мк




Доколку сакате да имате убави, здрави растенија во вашиот дом, пробајте го овој трик со мајонез. Го користат цвеќарниците за да ја истакнат убавината на растението и сите нејзини нијанси, а исто така ќе им помогне и на домашните растенија.




Таложењето на прашина врз листовите на цвеќињата не само што изгледа грдо, туку може да и да ги затне порите на растението и да спречи транспирација (процес на движење и испарување на водата низ растенијата). На растенијата им е потребно нивните листови да бидат чисти за да можат да уживаат и во сонцето.




Токму тука може да помогне мајонезот. Мајонезот речиси 80% содржи масло, но и доста хранливи состојки кои ги добива од јајцето. Оваа комбинација е особено ефикасна кога станува збор за билки со широки и мазни листови.




Не треба да ги мачкате листовите со мајонез како што тоа го правиме со лепчињата. Доволно е само малку да нанесеме на чиста крпа и со неа да ги пребришеме листовите откако еднаш веќе сме ги поминале за ја отстраниме прашината.




На овој начин не само што ќе добиете преубави и сјајни листови, туку мајонезот дополнително ќе ја разгради и отстрани прашината која не сте ја собрале со претходното бришење. Исто така, билката можете да ја прихраните и со домашен квасец:




Прихранувањето на растенија со квасец влијае позитивно врз нивната убавина. Квасецот содржи бактерии кои не само што имаат моќ да им дадат префинет вкус на слатките и печивата, туку имаат и поволно влијание врз растот и развојот на растенијата.




Квасецот содржи фитохормони и ауксини (растителни хормони за раст и развој) и витамини од групата Б. Квасецот има моќ да бубри, односно да ги множи клетките и на тој начин овозможува тестото да расте.




Истата состојба е и со растенијата. Квасецот го стимулира развојот на клетките и растот на растенијата. Хормоните содржани во квасецот делуваат на голем број микроорганизми во почвата и ја стимулираат нивната работа, а витаминот Б влијае на лисјата да бидат побујни, да станат позелени, а краевите да не се исушат.




Целото растение е повитално и посилно. За да се постигне ова, се прихранува два до трипати месечно. Се препорачува секоја недела во летните месеци, и двапати месечно во текот на зимата.




Важно е временскиот интервал помеѓу двете прихрани да биде ист, затоа што тогаш растенијата се навикнуваат на тоа и можат сами да утврдат кога и колку можат да кон.сумираат хранливи материи до следната прихрана.

Потребни состојки: едно мало пакување од 50 г квасец, 5 лажички шеќер и 5 литри млака вода. (1 лажичка шеќер и 1 литар вода се користат за 10 г квасец). Измешајте го сето тоа и оставете го да одмори два до три часа. Потоа повторно промешајте и растворот е подготвен за наводнување.