Ова е навистина преубава торта која се бранува како да е направена од пудинг или желе и поради тоа воодушеви милион луѓе, а за најзино приготвување потребни ви се само 5 состојки. Ако сакате нешто брзо и освежително, тогаш направете ја оваа јогурт торта.
Потребни состојки: 4 јајца, 1 чајна лажичка прашок за печиво, 350-400 г грчки јогурт или кисела павлака, 3 лажици шеќер, 3 лажици скроб/густин и шеќер во прав за наросување одозгора
Постапка: одвојте ги белките од жолчките во посебен сад. Во жолчките додајте го шеќерот (три супени лажици), па убаво изматете ги со жица додека да добиете густа светла смеса, а шеќерот да се растопи.
Потоа додајте една кафена лажичка прашок за печиво и три супени лажици скроб/густин и повторно со жицата-маталка промешајте додека да добиете мазна и компактна смеса без грутчиња.
Во оваа смеса додајте 350-400 г густ јогурт, најдобро грчки јогурт или кисела павлака. Мешајте со енергични и рамномерни движења додека убаво да се разбие јогуртот и да добиете убава хомогена смеса како крем.
Во белките додајте прстофат сол и изматете ги пенасто со миксер додека да добиете цврст снег. За ова е потребно да матите доста долго, околу 15-20 минути или во зависност од јачината на вашиот миксер.
Кога ќе добиете навистина цврст снег кој не паѓа од садот кога ќе го превртите, истиот префрлете го во смесата од жолчки и јогурт, па со помош на шпатула, многу внимателно промешајте.
Најдобро е да мешате со превртување од долу кон горе, за да остане смесата воздушеста и пенлива, а сепак да се соединат состојките во изедначена маса.
Пригответе калап за торти со мобилен обрач, со димензија од 16 см или 18 см (помал калап) и обложете го со хартија за печење. Нека бидат обложени и ѕидовите на калапот.
Приготвената смеса излејте ја во обложениот калап и ставете да се пече во претходно добро загреана рерна на 180 степени околу 30-40 минути. За тоа време многу е важно да не ја отворате рерната за да не се спушти колачот наеднаш и да не спласне.
Доколку немате ваков калап, можете да употребите и тенџере со сличен пречник (и да нема пластични додатоци на рачките), а хартијата со која ќе го обложите нека излегува надвор, за да можете подоцна печениот колач да го извадите заедно со хартијата.
Оставете го некое време да се подизлади, а потоа внимателно отстранете ја хартијата, (може малку да биде залепена, а за да се избегне ова, можете да ја премачкате со малку масло (кокосово или обично) со силиконска четка, а потоа да го изиете тестото.
Колачот одозгора наросете го со шеќер во прав, пресечете и послужете го. Мек е како памук и нежен како снегулка. Сигурно и вас ќе ве воодушеви како што ги воодушеви многумина ширум светот. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.