Овие пиперки се толку многу вкусни, не можам да ви опишам… Да ги м ацкате со лепче, навистина, не можам да ви опишам колку е добро ова јадење. На мојот сопруг му е омилено, па често ми бара да му го правам, ама и на сите дома ни е омилено.




Ако не сте го пробале овој рецепт, задолжително испробајте го, и вам ќе ви стане омилен. Се приготвува релативно брзо, особено ако во замрзнувачот имате резерва на испечени пиперки.




Потребни состојки: 1 кг црвени пиперки (може и жолти, ама црвените ми се фаворитни), 50 мл масло за готвење, 50 г путер, 100 г сирење, 50-100 мл неутрална течна павлака за готвење, сол по вкус




Постапка: на почетокот веднаш сакам да ви кажам на што да обратите внимание, односно доколку сакате да ви биде ова јадење посочно, тогаш ставете повеќе од течната павлака, а доколку сакате пиперките повеќе да дојдат до израз, тогаш помалку ставете.




Пиперките убаво измијте ги, избришете ги со чиста памучна крпа, па испечете ги (можете да ги печете на ќумбе за дрва, на плотна, на рингла, па дури и во рерна). Печените пиперки исто како кога правите ајвар, собирајте ги во најлонска кеса.




Кога малку ќе подизладат, излупете ги убаво и исчистете ги од дршката и семето. Потоа во тава ставете малку масло и путер да се растопи (ако ставите само путер тој може брзо да зачади и да прегори, а со маслото ова се спречува).




Пиперките исцеп-кајте ги на ленти или како сакате (можете да ги сечете на помали или поголеми парчиња), па додајте ги во загреаниот путер. Пржете ги неколку минути со постојано мешање додека да испари вишокот течност.




Пред крајот кога пиперките се готови, додајте сол, сирење и течна, неутрална павлака за готвење, па продолжете со крчкање уште некоја минута, додека да се соединат вкусовите и пиперките да ја впијат малку павлаката.




Вашето јадење „пиперки во сос“ е готово. Јас преферирам ова јадење да го послужам како прилог, ни вие можете како најмногу си сакате. Дома омилено ни е со домашно лепче, човек да се забо-рави од јадење колку е вкусно.




Ништо друго не ни треба, свежо печено лепче и да си м ацкаш во сосот и пиперките… Мммм, нема ништо повкусно. Ако ставите помала количина на пиперки, тогаш намалете ја количината на сирење и павлака…