Навистина преубави, ровки, ситни колачи кои по вкусот потсетуваат на орасници. Едноставно се приготвуваат, и дома ми ги изедоа додека половината сè уште не ми беа споени.
Потребни состојки: 350 г меко брашно, 150 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 лимон – кора (јас ставив кора од портокал бидејќи немав лимон, и излезе супер), 200 г путер / маргарин, 2 жолчки, 1 јајце, 2 лажици рум (кој нема или не сака, нека ги замени со млеко)
За натопување на колачињата: 2 белки, 150 г мелени ореви (во мојот случај блендирани). За лепење: 100 г чоколадо, 2 лажици масло
Постапка: путерот мора да биде омекнат на собна температура за да може убаво да се замеси. Додајте ги сите состојки: брашно, шеќер, ванилин шеќер, кора од лимон, јајце, жолчки и јас додадов млеко зошто моите деца не го сакаат мирисот на рум.
Замесете го тестото. Прво е малку суво, но полека како што го месите путерот ќе се отпушти и убаво ќе се замеси. Кинете мали парчиња и валкајте ги меѓу дланките, со величина нешто поголеми од лешник.
Во еден мал сад ставете ги двете белки, а во друг сад ставете мелени ореви. Садот со белки наполнете го со топчиња колку што собира, а потоа пренесете ги во мелените ореви и извалајте ги.
Оревите многу се лепат за прсти, па најдобро е да ги вадите со лажица или штипалка или со друго помагало, а да немате контакт со раце. Значи не ги натопувајте прстите во белка, зошто „лом“ ќе се направите.
Додека ги правите топчињата, вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Редете ги во намастен плех и ставете да се печат околу 20 минути. Од оваа мера излегуваат две полни тепсии од рерна.
Печените топчиња оставете ги да се оладат, па спојувајте ги две по две и редете ги на тацна. Може веднаш да се јадат. Ако ви се допаѓа вкус, можете да си направите орасници од само 4 состојки, многу брзо и едноставно, а рецептот можете да го прочитате подолу:
Поедноставно а повкусно од ова не можете да најдете. Едноставно, овие орасници се неодоливи! Слатки, вкусни, се топат во уста. А толку лесно се приготвуваат, би било штета да не ги пробате.
Потребни состојки: 2 јајца, 250 г мелени ореви, 250 г сечкани ореви и 180 г шеќер во прав
Постапка: со виљушка изматете ги јајцата со шеќерот. Додајте мелени ореви и убаво изедначете ја смесата. Со рака формирајте кифлички, а секоја кифличка валкајте ја во ситно сечкани ореви.
Редете ги во плех обложен со хартија за печење. Рерната загрејте ја на 180 степени, па готовите орасници ставете ги да се печат околу 35 минути. Извадете ги, изладете ги и уживајте во нивниот вкус. Многу, многу едноставно. / Сооlinarika.com