Здраво, се викам Ива и со вас сакам да споделам своја лична приказна. Кога бев помлада имав многу убава градба, толку многу си го сакав сопственото тело што никогаш пред тоа немав спроведувано д иета. Отсекогаш сум имала убава градба, на телото најизразени ми беа мускулите, па и колку да јадев не се де белеев.
Убедена бев дека никогаш нема да имам проблем со к илограмите. За жал, кога настана овој проблем, тешко ми беше да се соочам со него. А ќе ви кажам и зошто. Мојата мајка исто така отсекогаш била с лаба, па дури и сега има совршено т ело, па според тоа претпоставував дека генетски и јас ќе бидам како неа. Кога започна пубертетот, започнав и јас да се менувам.
Некои л оши навики кои претходно ги имав успеав да ги иско-ренам, но „се родија” нови, да не речам уште поло-ши н авики. Започнав да јадам многу благо, тестенини и сè што се подразбира под калорична и масна храна. Ова го правев со месеци, а кога се погледнав во огледало, не можев да си поверувам на сопствениот изглед.
Имав накачено преку 15 к илограми, лицето ми беше опаднато, кожата висната по целото тело, а поранешната убава и згодна Ива ја снема во тие неколку месеци. Не сакам да се фалам какво тело имав, но на секоја млада девојка, убавото тело и ја зголемува самодовербата. Но, не само тоа. Со лошата исхрана ми се појавија и големи и темни подочници поради јадење голема количина на сол.
Имав акни по лицето и грбот, а откога ќе поминеа, на нивно место остануваа темни дамки. Тешко ми беше да престанам да јадам и цело време го одложував процесот за следниот ден.
Секој пат излегуваше некој роденден, прослава или гости, па си велев само овој пат ќе направам исклучок. Така поминуваше времето сè додека мајка ми ме убеди дека ова што ми се случува е голема животна лекција од која треба многу да научам и дека сè уште не е доцна за мене (никогаш не е доцна).
Не е толку до в ишокот к илограми, најмногу се загрижив за моето здравје. Откога почнав да накачувам на т ежина, престанав да вежбам. Мускулите ми атро-фираа.. За среќа, мајка ми ми помогна да се изборам со овој проблем, ме подготви и пси-хички и физички. Најважно е да тргнеме од самите себе, да сме упорни дека сакаме да ја постигнеме одредената цел.
Јас не бев тргната по вистинскиот пат, но имав драга личност покрај мене која ме насочи кон него. Не спроведував никаква д иета, едноставно со сите сили започнав редовно да вежбам и да се движам колку можам повеќе.
Повеќе не се возам со лифт, одам исклучиво по скали, а не користам ниту автомобил кога одам на работа. Одам пешки, а попладне вежбам. Пијам многу вода и имам нормални оброци. Почнав да го слушам стомакот, а не умот. Кога нему му се јаде, тогаш јадам.
Најчесто јадеме бидејќи умот нè повикува и од стр-вност посегнуваме по храна. Повеќе не го слушам него.. Некогаш не ни вечерам, бидејќи стомакот ми кажува така. Но, исто така ќе ви претставам и два едноставни пијалаци кои ми помогнаа да ги намалам килограмите во период од 1 месец.
Секојдневно пијам специјално подготвена вода по рецептот на баба ми (мајка на мајка ми). Порано баба ми постојано ја правела оваа вода, особено во летните топли денови, а најмногу за деток-сикација и прочистување на организмот од ток-сини.
Потребни состојки: Количината на состојките зависи од тоа колку вода сакате да подготвите. Јас секогаш полнам 8 – 10 шишиња од 500 мл, бидејќи пијам во големи количини секој ден, па за да имам подготвено.
Значи, потребни ви се: неколку лимони, отприлика на 1 шише оди половина лимон, половина краставица за секое шише и 2 ситни парчиња ѓумбир.
Постапка: Ги полнам шишињата со сечканиот лимон, сечкана краставица на кругови и 2 парчиња свеж ѓумбир. Потоа преливам со вода, потребно е водата да биде чиста, филтрирана, а најдобро да користите купечка, наместо од чешма.
Преливам со вода до врвот, затворам и оставам да отстои во фрижидер најмалку 2 часа, а најдобро преку цела ноќ, за да можат лимонот, краставиците и ѓумбирот да испуштат од нивниот сок.
Водата е многу вкусна за пиење, одлично ја заменува обичната вода, а многу повеќе освежува и полесно ги исфрла насобраните течности и т оксини од организмот. Лимонот и краставицата добро се мијат пред да се складираат во шишето, бидејќи се ставаат нелупени. Шишињата / теглите треба исто така да бидат пастеризирани.
Откога ќе се испие едно шише, веднаш во него полнам нова вода и повторно го враќам во фрижидер да отстои. Вака сечканото овошје и зеленчук ги користам 3 дена, а потоа ги заменувам со нови. И откога ќе го постигнете саканиот ефект на намалување на ки-лограмите, продолжете да ја пиете оваа вода најмалку 2,5 литри во текот на денот.
Ќе ви откријам уште еден рецепт кој многу ми помогна во намалувањето на ки-лограми. После овие два извонредни пијалаци ги намалив ки-лограмите како никогаш да не сум ги имала, а сега јадам што сакам во помали количини, но секојдневно го пијам чајот и специјалната вода за која пишував погоре. Чајот се пие исклучиво наутро по 2 – 3 чаши, колку можете. Чајот го заменува појадокот и многу е вкусен.
Потребни состојки: 1 лажичка сува камилица, 1 лажичка сува коприва, 1/2 лажичка бел слез, 3 – 4 свежи парчиња ситно сечкан ѓумбир, половина лимон, 4 – 5 ловорови лисја, 1/3 лажичка магдонос, 1/3 лажичка оригано, 800 мл – 1 литар вода.
Постапка: Во поголемо тенџере се прелива со вода и се остава да зоврие. По зовривањето се додава камилица, коприва, бел слез, ситно сечкан ѓумбир, лимон сечкан на кругчиња, цели ловорови лисја и малку магдонос и оригано. Се поклопува со капак и се остава да вари уште 2 – 3 минути. За ова време, лимонот испушта најмногу од својот сок и прекрасно мириса цела кујна.
По изминатото време, тенџерето се трга од рингла и се остава да отстои поклопено уште 15 – 20 минути. Потоа се процедува и се пие голтка по голтка, околу 2 чаши наутро.
Чајот може да се пие и пред оброк или да ја замени вечерата, но најдобро делува доколку го замени појадокот. Камилицата и белиот слез имаат многу моќно дејство доколку се заедно подготвени.
Овозможуваат утринска свежина и ги намалуваат подочниците. Сите билки имаат антивоспалително и антивирусно дејство и успешно го зајакнуваат имунитетот. / М.Х. / НМД.мк. / Авторски текст