Свежи краставици, пиперки, домати, магдонос, кромид и лук… Совршена салата полна со витамини која можете да ја јадете и лето и зимо, со неодолив освежителен вкус. Под првиот рецепт можете да го прочитате и вториот, за полнети пиперки со зелка. Ако овој феноменален рецепт не сте го знаеле досега, испробајте го веднаш, ќе бидете воодушевени.




Првиот рецепт е на Тања од каналот Мојата Кујна. Зимница од сезонски зеленчук, ја подготвувам уште сега во големи количини, нешто чувам за зима, а неколку тегли јадеме и во лето. Многу освежува и многу вкусен гарнир кој снабдува со витамини.




Потребни состојки: 1 кг свежи краставици, 4 големи пиперки (2 црвени и 2 зелени), 5 кромитчиња (1 црвен, другите жолти), 10 чешниња лук, 2,5 кг домат, 2 нишки свеж магдонос, 150 мл масло, 2 лажици сол




Постапка: Краставиците се сечат на потенки кругови, а потоа се ставаат во пластичен сад поголем или тенџере. Потоа пиперките се сечат на половина, а ако се многу големи на четвртина, па се сечкаат ситно на ленти. Пиперките се додаваат во садот со краставиците.




Садот се остава настрана, а во меѓувреме се сечка кромидот на заоблени полукругови. Лукот се сечка на тенки кругови, претходно исчистен од лушпата, па се додава во садот. Од доматот се чисти средишниот дел, срцевината па се сече на кришки, и тој се додава во садот.




Магдоносот е потребно да се измие добро, па се сечка што поситно. Потоа се додава масло и се посолува. Добро се промешува, па се остава да отстои 1 час за зеленчукот да го испушти својот сок. За ова време, ќе се ослободи околу 1/3 сок.

Во претходно измиени и пастеризирани тегли, се додава салатата. Откога ќе ја наполните теглата, малку притиснете за убаво да налегне. На истиот начин се полнат сите тегли.




Сокот кој се исцедил во садот, распоредете го подеднакво во теглите и со помош на лажица притиснете го да навлезе подлабоко во теглата, да не остане на површината. Теглите не ги затворајте целосно со капакот, туку само покријте ги со него.

Земете едно поголемо тенџере и во него ставете памучна крпа. Ставете ги теглите во тенџерето и прелијте со 3/4 вода. Ставете на рингла на пониска температура и од моментот на зовривање оставете да отстои уште 35 – 40 минути.




По изминатото време, теглите се вадат и се отвора капакот, се додава во секоја тегла по 1 лажичка шеќер и 1 лажичка ал-кохолен оцет во 9%. Теглите се затвораат добро и се складираат на темно и суво место. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.

II РЕЦЕПТ: Најдобрата зимница на светот преполна со витамин Ц – пиперки полнети со зелка – без конзерванс, винобран и оцет. Многу вкусна зимница полна со витамин Ц. Зеленчукот “зрее” 15 дена и после тоа може да се користи.

Потребни состојки: 3 – 4 кг зелка, 5 – 6 кг пиперки, 5 литри вода, 150 г сол.

Постапка: Зелката исчистете ја, односно отстранете ги горните листови и отсечете им го тврдиот дел. Пресечете ги на половина па потоа исечкајте ги многу ситно односно изрендајте ги. Ренданата зелка ставете ја во поголем плех.




Од пиперките отстранете ги петелките и семето, па ставајте ги во голем сад со вода за убаво да ги измиете. Исцедете ги. Во еден поголем сад ставете малку рендана зелка, посолете и убаво со рацете истискајте. Повторете ја постапката со преостанатата зелка. Откако убаво ќе го истискате со раце оставете да отстои околу еден час за да омекне. За целата зелка доволни се две лажици сол.




Откако пиперките ќе се исушат, во секоја ставете малку сол и одложете ги во голема тепсија. Оставете ги и нив да отстојат еден час и да омекнат. Со оваа постапка се прескокнува подварувањето и на тој начин се сочувува витаминот Ц.

Солило: Во 5 литри вода ставете 150 г сол и мешајте додека да се растопи. Пиперките убаво полнете ги со ренданата зелка и редете ги во пластично буре, сад или тегли. Ако ви остане зелка наредете ја како еден слој помеѓу пиперките.




Солилото промешајте го и прелијте го преку пиперките. Поклопете со потиснувач. Затворете и оставете 15 дена, а потоа можете да ги кон.сумирате.