Глуварчето е едно од најлековитите билки од нашето поднебје, сите негови делови може да се користат за лекување.
Неговите млади листови се одлични за приготвување на пролетна детоксикациска салата. Стебленцата успешно помагаат во болести поврзани со жолчката, го регулираат метаболизмот, го лекуваат желудникот и ја прочистуваат крвта. Народната медицина го препорачува глуварчето против дијабетес.
На коренот од глуварче му се препишуваат најголеми лековити својства. Тој успешно го прочистува црниот дроб а со тоа го подобрува и целокупното наше здравје. Доколку се консумира чај од корен од глуварче, може да се излекува хепатитис Б за само 6 седмици.
Денес ви обраќаме внимание на неговите цветови, кои:
-содржат антиоксиданти
-лекуваат болки
-лекуваат грчеви во желудник
-ја намалуваат депресијата
-содржат хеленин кој го подобрува ноќниот вид
-содржат витамини А и Б12.
Во нашите краишта цветовите од глуварче често се користат за приготвување на прочуениот сируп против кашлица. Но, на пример, во корејската народна медицина цветовите се користат и против чиреви, инфекции, туберколоза, едем и за подобра циркулација.
НАЈДОБРОТО МАСЛО ЗА ЦИСТИЧНИ, ОТЕЧЕНИ И БОЛНИ ДОЈКИ
Во Америка е популарно маслото од цвет од глуварче кое исто така многу се користи против болки од артритис и гихт, отечени дојки, отечени и болни зглобови. Иако кај нас многу слабо се произведува, маслото од глуварче е добро да се има при рака, бидејќи има силно релаксирачко и аналгетско дејство.
Глуварчето општо е поволно за женски заболувања, а особено за спречување и лекување на болести на дојки, цисти, карцином, отоци и при проблеми со доењето.
Маслото од глуварче ја олеснува болката, им годи на артритичните зглобови, болки во грбот, синусни главоболки, вкочанет врат и несовршености на кожата.
Цветовите имаат посебно дејство врз дојките. Со редовна употреба на маслото кое длабоко продира во ткивото, се постигнува ослободување од различни притисоци, го јакне имунитетот и превенира рак.
Болката во градите или чувствителноста пред менструалниот циклус, цисти, фиброми, мастопатија… се многу распространети болести од кои патат се поголем број жени ширум светот. Како еден од главните виновници за појава на овие бенигни болести се наведува стресот на кој сме секојдневно изложени.
Болката во градите е предизвикана од цисти – кесички исполнети со течност кои во текот на менструалниот циклус го менуваат обликот и големината. На допир се главно меки, мазни и подвижни, но ако се многу исполнети со вода, на допир може да бидат и цврсти.
Кога маслото од цветови од глуварче се комбинира со масло од корен од глуварче, може да се помогне кај помали инфекции, да се олеснат отечени млечни жлезди и да се намалат цистите во гради.
Цветовите на глуварче содржат лецитин чија топикална примена помага кај болести како што е псоријазата. Маслото може да се користи за масажа на цело тело, за опуштање и релаксација.
РЕЦЕПТ ЗА МАСЛО ОД ГЛУВАРЧЕ – ЦВЕТОВИ
Потребно ви е квалитетно ладно цедено масло (маслиново, бадемово, сусамово, од семки од грозје…). Исполнете две третини од теглата со цветови од глуварче, па прелијте преку нив со маслото, до врв, да бидат убаво прекриени.
Промешајте ја смесата, да излезат меурите со воздух. Ставете газа на врвот и врзете со ластик или врвка. Оставете ја теглата на сончево топло место, две седмици или додека цветовите да станат кафеави. Потоа процедете го маслото во стерилизирано темно шише. Чувајте на темно и ладно место.
БРЗ РЕЦЕПТ ЗА МАСЛО ОД ГЛУВАРЧЕ – ЦВЕТОВИ
Доколку немате време да чекате две седмици, маслото можете да го приготвите и на друг, побрз начин. Исполнете две третини од теглата со цветови и прелијте ги преку врв со маслото. Теглата ставете ја во сад со двојно дно и полека загревајте на најслаб оган околу 30-60 минути. Маслото не смее да биде прежешко, за да се сварат цветовите и да ја изгубат лековитоста. Колку можете подолго загревајте го маслото на најслаба температура за да има поголема лековитост. Смесата вратете ја во тегла и оставете ја еден ден на сонце, а потоа процедете и складирајте. Иако ова е побрз рецепт, препорака е да се приготвува оној другиот, побавен од две седмици на сонце.
КАКО СЕ КОРИСТИ МАСЛОТО? Се масира на болното место повеќе пати дневно.