Погледнете го рецептот за два вида крофни, едните полнети со мармалад од кајсии и малку рум, а вторите пресечени на половина, филувани со пудинг од ванила и прелиени со чоколадо.
Еве колку состојки се потребни за 20 парчиња, за тесто:
60 г путер омекнат на собна температура
2 јајца
2 жолчки
1 коцка свеж или 2 кесички сув квасец
500 г брашно за тесно и плус уште малку за доработка
250 мл млако млеко
Прстофат сол
50 г шеќер во прав кој се става во јајцата за матење и плус дополнителен шеќер во прав за наросување одозгора.
Пудингот се готви од едно пакување со половина литар млеко за 10 парчиња, 130 г мармалад за 10 парчиња и малку рум.
Постапката за приготвување погледнете ја видеото: