Доколку сакате месото повеќе никогаш да не ви е суво и жилаво, пред термички да го обработите, задолжително ставете го да отстои во маринада!
Ви го препорачуваме овој совршен рецепт:
Потребни Состојки:
– Половина шолја маслиново масло
– Половина шолја пиво
– 1 лажица мед
– 1 лажица сол
– 3 чешниња лук
Подготовка:
Излупете го лукот и гмечете го додека не стане кремаст. Во него додадете го маслиновото масло и пивото, а потоа и медот. Потоа сѐ убаво измешајте.
Месото исечете го на мали парчиња и прелијте го со маринадата. Оставете ја маринадата да се маринира најмалку 3 часа, па потоа термички обработете го.