Ние Македонците знаеме пиперките да ги приготвуваме на милион и еден начин, а ова е еден од тие начини. Произведуваме највкусни пиперки и ги знаеме најдобрите рецепти за нивно приготвување. Македонскиот ајвар и маринираните пиперки се само едни од нив, пишува НМД.мк
Потребни состојки: 50 црвени меснати пиперки, 250 мл масло, 250 мл оцет, 1 рака шеќер, 1 рака сол, 2-3 главици лук, 2 китки магдонос, 1 кесичка црн пипер во зрно
Постапка: Пиперките испечете ги, излупете ги, но само дршките вадете им ги, оставете ги цели. Маслото, оцетот, солта и шеќерот ставете ги на оган да зовријат во поголемо тенџере.
Кога маринадата ќе зоврие, ставете ги пиперките малку да се подварат. Ова правете го на тивок оган и немојте да ги мешате пиперките, туку само протресувајте го тенџерето. Маринирањето трае максимум 10 минути.
Лукот исчистете го и ситно исечкајте го, па измешајте го со ситно сечканиот магдонос и црниот пипер. Кога малку ќе изладат пиперките, редете: ред пиперки, па ставете одозгора лук и магдонос, па повторно пиперки и продолжете по истиот редослед.
Полијте ги со маринадата и оставете ги теглите отворени преку цела ноќ. Наутро долејте уште малку од маринадата и затворете ги теглите. Уживајте во предобриот вкус. Прочитајте го и следниот рецепт за многу вкусна салата од пиперки:
Лудило – необична салата од пиперки во масло и маринириано сирење: ова е врв, мора да го пробате. Во топлите, врели и спарни денови кога буквално ништо не ви се јаде, може да ја приготвите оваа освежителна салата со сирење. Со овој рецепт ќе добиете два во едно.
Необичната подготовка на пиперките во масло со маринирано сирење може да ви биде еден цел оброк и друго ништо не ви е потребно. Салатата е освежителна, а притоа заситува. Затоа испробајте го мојот начин и ви гарантирам дека ќе бидете воодушевени.
Оваа салата дома кај мене е една од омилените, а можеби и најомилена, а кога убаво ќе излади, исчезнува додека да трепнеш.
Потребни состојки: 20 печени пиперки, 10 печени лути пиперчиња, 1 краставица, 2 моркови, 1 главица лук, 100 г лист од магдонос, 200 г сирење, 2 лажици маслиново масло, 50-100 мл сончогледово масло, оцет алкохолен или јаболков, по вкус. Сол, црн пипер, сув магдонос
Постапка: Пиперките најпрво убаво измијте ги, избришете ги и испечете ги. Откако ќе подизладат во најлонска кеса, излупете ги ставете ги во еден сад. Не ги процедувајте од течноста што ќе ја испуштат.
Сирењето исечете го на коцки со средна величина. Ставете ги во еден сад и наросете го со малку сум магдонос или босилек, мелен црн пипер, маслиново масло околу 2 лажици, па полека промешајте внимателно за да не го растурите сирењето. Оставете го на страна.
Магдоносот ситно исечкајте го. Морковите и краставицата изрендајте ги во еден сад. Додајте половина од сечканиот магдонос и испасираните или истолчените лукчиња. Количината на лукот е по вкус. Посолете по вкус и зачинете со малку црн пипер. Полејте околу 100 мл масло, а исто така и оцет по вкус. Додајте ја и течноста што ја испуштиле пиперките.
Промешајте за да се соединат состојките и маринадата е готова. Пиперките една по една исчистете ги од семето (сочувајте ја петелката), па валајте ги убаво во маринадата и редете ги во чинија за сервирање.
Врз маринарите пиперки наредете маринирани коцки сирење. Ова направете го во два реда (ред пиперки-ред сирење). Одозгора наросете го остатокот од магдоност. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.