Направете го овој старински колач според рецептот на нашите баби. Ако токму во овој момент размислувавте со каков десерт да се почестите после ручекот, а да ви потрае барем два дена, ова е вистинкиот рецепт со кој можете да ги израдувате вашите најмили – колачот со вишни од бабината тетратка со рецепти.
Потребни состојки: 5 јајца, 300 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 300 г брашно, 200 мл јогурт, 150 мл масло, 1 кесичка прашок за печиво, 500 г цреши, 30 г гриз. И уште ќе ви биде потребно малку шеќер во прав за наросување на колачот одозгора.
Постапка: исчистете ги вишните од семките и исцедете го вишокот течност.Пенасто изматете ги јајцата со постепено додавање на шеќерот и ванилин шеќерот. Матете непрекинато додека шеќерот да се растопи, а смесата да згусне и побели.
Во тенок млаз додајте јогурт и масло, непрекинато матејќи. Потоа постепено, лажица по лажица, додајте го просеаното брашно. Додајте го и прашокот за печење, па продолжете со матење додека смесата убаво да се соедини.
Излејте во намастен и со брашно наросен плех или калап, па одозгора рамномерно распоредете ги вишните кои претходно сте ги извалкале во гриз. Колачот ставете го да се пече во загреана рерна на 180 степени, околу 30-35 минути.
Оставете малку да се подизлади, па сечете го на коцки и одозгора наросете го со шеќер во прав. Прочитајте го и следниот рецепт кој е проверен и секогаш успева:
Сите ќе ви го бараат овој рецепт: едноставен колач со вишни, евтино и вкусно
Овој колач со вишни е многу брз и лесен за подготовка, а се приготвува од состојки кои сите ги имаме во кујната. Главни состојки покрај вишните се гризот и јогуртот, а со тоа ви се гарантира дека колачот ќе биде мек и сочен.
Рецептот е идеален во време кога имаме свежи вишни, но можете да го приготвувате во било кој период од годината со компот од вишни или смрзнати па одмрзнати. А освен вишни можете да го приготвувате со јагоди или некое друго бобесто овошје по ваш вкус.
Потребни состојки: 5 јајца, 120 г шеќер, 200 мл јогурт, 100 мл масло, 200 г брашно, 150 г гриз, 1/2 кесичка прашок за печиво, 500 г исчистени вишни без семки и по желба шеќер во прав за наросување одозгора.
Постапка: јајцата оставете ги на собна температура, а потоа одвојте ги белките од жолчките во посебни садови. Белките пенасто изматете ги со миксер додека да добиете цврст снег кој не паѓа од лажицата. Оставете го садот во фрижидер додека ги матите жолчките.
Во посебен сад ставете ги жолчките, додајте го шеќерот и пенасто изматете ги со миксер додека тој да се растопи. Во кремот од жолчки додајте масло и јогурт, па уште малку изматите. Во брашното додајте го прашокот за печиво и промешајте за да се распореди.
Брашното додајте го во кремот од жолчки, а потоа и гризот. Изматете со миксерот додека да добиете изедначена, хомогена смеса. Потоа миксерот повеќе не ви е потребен. Во кремот од жолчки додајте го снегот од белки и полека со жица или шпатула промешајте.
Смесата потребно е да остане воздушеста и кремозна, па затоа полека мешајте со превртување. Во спротивно, вишните ќе ви пропаѓаат на дното. Плех со димензии 30х20 см намастете и наросете со брашно, а вишокот истресете го. Потоа излејте ја смесата во плехот и израмнете.
Вишните исчистете ги од семки ако се свежи, а ако користите од компот, само процедете ги. Може да користите и смрзнати, а во тој случај колачот ќе биде посочен. Малку наросете ги со брашно
Вишните исчистете ги од семки ако се свежи, а ако користите од компот, само процедете ги. Може да користите и смрзнати, а во тој случај колачот ќе биде посочен. Малку наросете ги со брашно пред да ги нанесете врз тестото, а потоа рамномерно распоредете ги.
Рерната загрејте ја на 200 степени, а кога ќе го ставите колачот да се пече, намалете на 180 степени. Печете околу половина час, а дека е готов, ќе забележите кога колачот ќе започне да се одвојува од ѕидовите на плехот. Печениот колач извадете го од рерна и оставете го да излади.
Потоа можете да го исечете на парчиња со големина по ваша желба и да го наросите со шеќер во прав. Колачот е многу вкусен и освежителен, може да го послужите со кафе, чај или сладолед.