СОЛ
Наполнете леген со ладна вода и ставете сол во неа. На 5 литри ставете 5 супени лажици сол. Промешајте и ставете ги внатре валканите крпи. Ако се многу валкани, оставете да преноќат, а ако не се, доволно е 1-2 часа киснење. После исперете ги на вообичаен начин. Крпите ќе бидат почисти отколку кога користите избелувач.
ДЕТЕРГЕНТ ЗА САДОВИ
На сличен начин кујнските крпи се потопуваат со детергент за садови. Земете малку детергент, ставете во топла вода и потопете ги валканите суви крпи во тој раствор на 15-20 минути. Потоа слободно исперете ги во машина за алишта, на вообичаен начин. На овој начин ефикасно ќе се елиминираат масните дамки од кујнските крпи.
ОЦЕТ
Ако на вашите крпи по некоја случајност се појавила мувла, треба да се исперат на вообичаен начин, а потоа да се исперат во раствор од вода и алкохолна киселина. Не грижете се за бојата, оцетот не е опасен за здравјето. Секако, нема потреба да ги оставате крпите на подолго време во овој раствор.