Многу вкусни и едноставни полнети пиперки со ореви. Лесно се подготвуваат како и обичните, а откога еднаш ќе ги пробате, после цело време ќе ги правите. Цело време ги правам со ореви, а на сопругот му одговара бидејќи пости.
Потребни состојки: 15-20 суви пиперки, 1 компир, 2 лажици масло, 3 кромитчиња, 2 ловорови лисја, 1/2 лажичка црвена пиперка, 2 стебленца праз, 2 средни моркови, 2 лажички вегета од билки, 1 лажичка сол, 150 г варен ориз, 200 г мелени ореви, вода.
Постапка: Кромидот се сечка ситно и се пржи на тивко во намастена тава, 2 – 3 минути. Потоа се додаваат ловоровите лисја и црниот пипер и се продолжува со пржење на тивко.
Потоа додајте го ситно исечканиот праз на кругчиња и ренданиот морков. Се зачинува со вегета. Кога кромидот ќе се испржи убаво заедно со кромидот и празот, додајте го оризот, малку промешајте, па потоа додајте ги мелените ореви. Со повремено мешање, пржете уште малку време на тивко.
Зачинете со лута пиперка и повторно промешајте. Кога оризот ќе се потпржи се трга од рингла. Подгответе суви пиперки и исечете ги компирите во прстени. Наполнете ги пиперките со фил и затворете го отворот со компир. Ставете ги полнетите пиперки во длабоко тенџере или тава.
Зачинете ги со сув зачин од билки одозгора, прелијте ги со вода и варете на тивок оган 2 часа. Кога ќе се сварат пиперките, печете ги во рерна на 200С околу 15 минути. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.
II Рецепт: Полнети пиперки со сечкан или рендан компир, старо вкусно јадење кое мора да го пробате! Фото: Злата Рибиќ
„Во исечкан компир ставете една шолја брашно, малку сол, сув зачин и неутрална павлака, па филувате ги пиперките и пред печење полејте ги со малку павлака и масло. Печете ги на 200 степени додека да заруменат” – вели Злата, а во продолжение прочитајте еден старински рецепт за полнети пиперки со сечкан компир.
Потребни состојки: 10 пиперки, 3 главици кромид, 3 моркови, 2 домати, 1-1,5 кг компири, 200-300 г млад кајмак или кисела павлака или неутрална, растителна павлака доколку јадењето го правите посно, 50 мл масло, сол, црн пипер, сув зачин, магдонос.
Постапка: Излупете го кромидот, морковите и компирите. Доматите не мора да ги лупите. Од пиперките извадете го семето, а две пиперки исечете ги на коцкички. За смесата со која ќе ги полните пиперките: Исечкајте кромид, морков, домат, компир и две пиперки на коцкички (по мое мислење, не ги рендајте зошто вака е многу подобро), а преостанатите пиперки оставете ги на страна.
На загреано масло (приближно околу 50 мл) прво запржете го кромидот додека да застакли, па потоа додајте го морковот, а после неколку минути и пиперката. На крај додајте го компирот и постојано мешајте за да не се залепи.
После неколку минути, зачинете по вкус со сол, сув зачин, домат, црн пипер, магдонос и додајте ја павлаката (најдобро е со кајмак, но ставете што имате, а убаво е и со течна, неутрална павлака). Оставете уште неколку минути, додека да се соединат состојките. Целиот процес трае околу 20-30 минути. Потоа тргнете ја смесата на страна малку да подизлади.
На намастен огноотпорен сад редете ги полнетите пиперки, а на подлогата ставете дел од смесата кој ќе помогне да не загорат пиперките одоздола. Ако не сакате, тогаш доволни ви се 1 кг компири, а не 1,5 кг, како што јас ставам.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 40 минути, а потоа тргнете го капакот или фолијата и покачете на 200 степени. Вкупно печење е некаде околу 80-90 минути.
Coolinarika.com / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска