Речиси секој има сопствено, или искуство со најблиските, во морето да згазне врз морски еж. Речиси без исклучок игличките од ежот се кршат и остануваат во стапалото.
Голема грешка е кога се вадат со пинцета само игличките, еве зошто. Игличките се состојат од органски и неоргански дел. Со пинцетата вие може да го отстраните само надворешниот, неоргански дел. Органскиот дел, кој ќе остане во ногата всушност го прави најголемиот проблем – гноењето!
За да не дојде до тоа, испробајте го овој народен рецепт:
Потребни состојки:
Неколку маслинки
Плинско решо
Постапка:
Преполовете една маслинка, извадете ја коската и фатете ја со метална штипалка. Пиближете ја до огнот за да се загрее, а потоа доближете ја до делот од стапалото во кој има игличка.
Со оглед на тоа што ќе се загрее само маслото во маслинката, нема да го изгорите стапалото.
Ова е стар Грчки рецепт за лекување, а оние што го пробале велат дека е успешен!