Потребни состојки:
600 г праски
4 јајца
200 г шеќер
1 ванилин шеќер
6 лажици масло
9 лажици врела вода
250 г брашно
1 прашок за печиво
600 мл млеко
2 кесички пудинг од ванила (или слатка павлака)
200 г шеќер
200 г путер/маргарин
1 лимон
200 г кисела павлака
Постапка:
Вклучете ја рерната на 180 степени, тепсија со средна величина намастете ја и поросете ја со брашно. Праските измијте ги и исечкајте ги.
Изматете ги жолчките со шеќер и ванила. Измешајте го маслото и врелата вода па додадете брашно и прашок за печиво. Посебно изматете ги белките па лесно измешајте со претходната смеса.
Излејте во тепсијата, израмнете па наросете со исечкани праски. Печете додека да порумени, околу 30-40 минути.
500 мл млеко зовријте со шеќер, во 100 мл измешајте пудинг па згответе. Изрендајте кора од лимон и оставете да се изладат кората и филот.
Во пудингот додадете го изматениот путер и павлаката. Соединете.
Премачкајте преку колачот и оставете до следниот ден да отстои. Украсете по желба и послужете.
Видео: