Во народната медицина се користи веќе со стотици години како лек за желудечни проблеми и за проблеми со штитната жлезда.

Лековитиот ликер од оревчиња ќе ви помогне при болести желудникот и штитната жлезда. Ова е испробан рецепт, стар веќе 90 години.

Зелените плодови на оревот се берат при крај на месец јуни и почеток на јули, во зависност од поднебјето.

Овој природен рецепт е идеален за јакнење на имунитетот, особено во текот на зимските месеци а помага и при желудечни тегоби и анемија.

Младото оревче, додека уште е зелено, богато е со витамин Ц и јод, па затоа е благотворно за штитната жлезда.

РЕЦЕПТ ЗА „ОРАХОВАЧА“ (ОРЕОВКА)

Потребни состојки:

18 млади зелени оревчиња

1 кг шеќер (или уште подобо мед)

2 литри домашна ракија

2 домашни лимони

1 портокал

2 каранфилчиња

2-4 ливчиња пелин

1 стапче цимет

1 мешунка ванила

5 зрна кафе

1 кесичка ванилин шеќер

1 литар бело вино

Постапка:

1.Оревите измијте ги, пресечете ги на половина, а доколку се поголеми – на четвртинки.

2.Лимонот и портокалот измијте ги и исечете ги на тркалца па додадете ги во лонецот.

3.Во голем лонец или пластична канта наредете еден ред ореви па наросете ги со половина од шеќерот.

4.Додадете лимон, портокал, каранфилче, пелин, цимет, ванила и зрна кафе, па остатокот од ореви и шеќер.

5.На крајот, сето прелијте го со ракија и добро промешајте, па поклопете.

6.Садот оставете го на сонце 40 денови, но секој ден малку промешувајте за да се растопи шеќерот и состојките да се поврзат.

7.После 40 дена мешавината процедете ја низ газа, додадете литар воно и ванилин шеќер.

8.Добиениот ликер прелијте го во стаклени шишиња или тегли, па чувајте ги на темно и ладно место.