Како општонароден празник, а посебно како главно сточарско празнување, Ѓурѓовден по своето значење и по изобилството обичаи кои го следат особено се издвојува од преостанатите празнични денови во годината.

Во него се сместени многу верувања и обичаи кои преку ма-гиски пат треба да ги осигураат напредокот и плодноста на стоката, родноста на полињата и среќата меѓу луѓето.

Овој празник во македонскиот народен календар зазема значајно место затоа што претставува празник – меѓник. На овој ден започнувала летната половина од годината која, според народот, трае до празникот Митровден.

Од тие причини, во една македонска поговорка се вели: „Дојде ли Ѓурѓовден, чекај си го Митровден. Во некои предели, како на пример во Кратовско, на Ѓурѓовден, селскиот собир освен што вршел избор на селскиот падар – пољак, избирал и селски старешина – кмет, како и мировен совет од три члена, кој имал своевидни судски надлежности.

Освен тоа, со почетокот на новата аграрна година се избирале и водари, момоци, овчари, козари, говедари и сл. Така, во Бојмија, на пример, овој празник го сметале за почеток на Новата година и на тој ден биле склучувани многу договори, но и многу од претходно склучените договори престанувале да важат.

Голем дел од многубројните обичаи што се изведувале на Ѓурѓовден се поврзуваат co будењето на природата и co враќањето на животот по долгиот зимски период.

Овие активности упатуваат на сознанието дека Ѓурѓовден претставува сточарски и земјоделски празник, а свети Георгиј претставува небесен клучар кој ги контролира небесните и земните природни појави што влијаат на бериќетот.

Според Марко Китевски, луѓето во Македонија на овој празник се поздравувале co зборовите „Христос вос-кресе” и се отпоздравувале co зборовите „Вистина вос-кресе” поради тоа што Ѓурѓовден секогаш се паѓал околу Велигден и токму за таа пригода вапсувале и јајца co црвена боја.

Hа денот пред Ѓурѓовден не се давало ништо на заем, особено не се давал оган од огништето. Оној што на Ѓурѓовден немал оган, никаде не можел да го добие. Така, на пример, православните Македонци од селото Јаболце (Скопска Торбешија) не давале оган седум дена пред Ѓурѓовден, за да не им се однесе бериќетот.

Во селото Дражилово (Скопска Торбешија) и Македонците муслимани на Ѓурѓовден не давале ништо на заем, а оган не давале до пладне. Исто така, на овој празник децата од ова село изработувале свирала (сурли) и мали свирчиња (билбили) од врбово и од јасеново дрво.

Слични активности, како што забележала Весна Петреска, има и кај Мијаците кога на овој ден се изработувале бории (вид свирки) од врбова и од оревова кора. Co овие свирки се свирело наутро за да ги разбудат луѓето и сите заедно да одат на река.

Таму свирките ги фрлале во вода. Се сметало дека новата година треба да почне co убаво, co свирка, а работата и песната да одат како што оди водата – лесно.

Па-лење огнови

Информации за па-лењето на огновите кај Мијаците ни дава етнологот Весна Петреска. Според неа, огновите во овие краишта биле па-лени вечерта спроти Ѓурѓовден и тоа на некое повисоко место. Во едно село можеле да се забележат повеќе за-палени огнови, односно секое маало си па-лело свој оган.

Ог-новите ги палеле момчиња што биле пред стапување во брак. За па-лењето на огновите во науката постојат две теории. Првата е соларната теорија, според која ог-новите претставуваат сончеви чинки, односно ма-гиски обреди чија цел, според принципот на хомеопатската ма-гија, е да осигура доволно сонце односно топлина за луѓето и за животните.

Втората е прочистувачката теорија, според која огновите имале функција да ги за-палат и да ги уни-штат сите ш тетни влијанија врз луѓето и врз нивната работа поврзана co земјоделството и сточарството.

Во основа, палењето огнови во овој период од годината, пред сè, се смета за иванденска практика, а многу е веројатно дека некогаш па-лењето започнувало на Ѓурѓовден и во одредени интервали се изведувало се до Иванден.

Берење билки

Ha денот пред Ѓурѓовден се береле билки. Во Скопска Црна Гора береле лековити билки, како што биле страшник, дебелика, петров крс, среќиче, срчаник, кравини сиси, корен, церма и други.

Може да се забележи дека голем дел од имињата на билките асоцираат на среќа, на здравје и на бериќет. Во Радовишки Шоплук, според етнологот Ангелина Крстева, береле билки во зобник и co нив луѓето се кителе, ги кителе стоката, куќите и сето тоа било поврзано co одредени верувања.

Hа пример, копривата ја береле момите и невестите за да се китат на главата „за ергените и мажите да го-рат пo нив, а и мушички да не ги апат”, девојките береле и лепич „за да се лепат ергените”, се кителе co вртика „за да се вртеле момчињата пo нив, дебелика „за да биделе дебели” и сл.

Берењето на билките и на гороцветот во Мијачијата, во селото Скудриње, според Нијази Лиманоски, било проследено co пригодни песни кои ги изведувале девојки:

„Сама Мара билки бере, билјаро

И ми бере и ми реди:

Ќа дојдет беќарите,

Ќа редет на мартини.

Ќа дојдет девојките

Ќа редет на ѓердани.”

Некои од билките ги береле за да направат лек за лекување различни болести. Така на пример, во селата од Радовишки Шоплук береле маасиљава трева за лекување од мајасил.

На Ѓурѓовден жените, исто така, се опашувале co врбово гранче или co житен клас бидејќи сметале дека ако го направат тоа, нема да ги б оли половината. За истата цел се тркалале и по трева (припуцкаме се на ширина) co наведната глава.

Закрмување на стоката

Утрото на Ѓурѓовден co набраните тревки ја закрмувале стоката. Најпрвин тревките ги дробеле, ги мешале co сол, која некаде може да се сретне под имињата попова сол или светена сол, затоа што била осветена од свештеник, и уште пред изгрејсонце, пред да jа истераат стоката на пасење, ја закрмувале.

Постоел своевиден натпревар кој прв ќе ја накрмел стоката. Bo некои села од Македонскиот Шоплук во крмата биле ставани тревките дебелика, за животните да бидат дебели, силина ставале за животните да бидат силни, млечка или млечајка за да бидат млечни, вратика ставале за да се враќаат дома и сл.

Во пределот Малешево, освен тоа што осветената сол се ставала во крмата, исто така од неа се ставало по малку и во сирењето и во другите млечни производи. Bo некои кратовски села, свештеникот бил тој што им ја носел осветената сол на луѓето, по што домаќините го дарувале co кожата од зак-ланото јагне.

Bo некои кратовски села била вообичаена практиката свештеникот да ја осветува целата смеса, наменета за крмење на стоката, во која имало истрошено малку и од повечерникот – обредниот леб од Бадник, па затоа оваа крма била наречена попска крма.

Слична крма, co истрошени делови од обредни лебови од Бадник се практикувале и во некои села од пределот Пијанец. Co цел што повеќе да се близнела стоката, во осоговските села постоел обичај закрмувањето да се прави од дисаѓи.

За време на турското вла-деење, во селото Шишево, крај Скопје, но и во други места низ Македонија, за време на закрмувањето на стоката се пу-кало. Во пределот Бојмија овој празник бил познат под името Ѓурѓевдин.

Сметале дека на тој ден почнувало летото и обично на тој ден ги стрижеле овците и козите. Утредента рано, пред изгрејсонце, ја закрмувале стоката и ги бележеле јагнињата и јарињата за да ги распознаваат.

Кај Македонците муслимани во селото Дражилово во Скопска Торбешија постоеле слични ѓурѓовденски обичаи. Всушност, дента пред Ѓурѓовден децата оделе да берат билки, а најчесто береле трева и здравец, кои ги користеле за закрмување на стоката.

Стоката ја крмеле пред изгрејсонце за да не ги раз-бие кукавицата, односно пред да и го слушнат гласот. Во селата од Мијачијата стоката ја закрмувале co билките кукурек, пофит, мачкина нога, млечајка и мазно билје (за да дава стоката повеќе масло и млеко).

Замолзување на овците

На Гурѓовден се вршело првото замолзување на овците, а тоа, секако, било проследено co одредени обредни активности. Најпрвин, ведрото во кое се молзело првото млеко било украсувано со венци од најразлични билки и со зелени гранчиња, заврзани со црвени конци.

Всушност, тоа се истите оние билки со кои се закрмувала стоката.

Исто така, и онаа овца со која започнувало замолзувањето, околу вратот и ставале ѓердан, односно венец, исплетен од разни билки и цвеќиња.

Според Зоранчо Малинов, замолзувањето на првата овца во виничките подголачки села се вршело низ прстен и низ шарена погача, проду-пена во средината, Шарената погача, која се подготвувала уште и во пределите Пијанец, Осоговија и Горноџумајско, на површината имала назначени фигури, кои симболизирале овци, куче, овчар и сл.

Во селото Габревци, Радовишка Лакавица, околу котлето се заврзувала огојка, а внатре, во котлето co млеко се ставало гранче од капина. Во селото Сакулица, Кратовско, замолзувањето се вршело со црвено јајце низ обредно кравајче во форма на ѓеврече, кое се чувал од Бадник.

Откако ќе завршело замолзувањето, кравајчето и јајцето ги закопувале на патот каде што поминувале овците. Bo овој случај, бадниковата обредност се пренесувала на Ѓурѓовден и на тој начин при китењето на котлето се заврзувала и паричка која се ставала во пресната погача (кравајчето, пупето).

Bo други кратовски села замолзувањето се вршело низ средината од вечерникот од Бадник, а тоа е делот од обредниот леб што бил зачуван за Ѓурѓовден, кога низ него требало да се замолзат три овци. Во некои злетовски села, секоја овца пред за се замолзи најпрвин ја протривале co првото велигденско јајце, а потоа откако ке го завршеле замолзувањето, јајцето го закопувале под прагот на трлото.

Сличен обичај од етнолозите е забележан и во селото Тополовиќ, Кратовско. По завршувањето на замолзувањето, во некои кратовски села, овците биле у-дирани co дренови прачки – за да бидат здрави.

Во некои села, пак, во Пиринска Македонија, на Ѓурѓовден, по замолзувањето овците ги попрскувале co цветна вода, односно co водата во која стоеле билките набрани уште на Бела сабота. Co дел од измолзеното млеко на Ѓурѓовден, според истражувачите, се вршело и обредно би-ење, а бутимот, односно садот во којшто било би-ено млекото за да се добие маст, требало да биде накитен co најразлични билки и гранчиња, слично како што било накитено и ведрото.

Во селото Дедино, Лакавица, според Анета Светиева, бутимот бил китен со предмети кои, според верувањата, имале апотропејска функција, како што биле копривата, црвениот волнен конец, ѓерданит со сребрени пари, а жената што го би-ела млекото на главата имала погача.

Во некои случаи бил воден и обреден дијалог: “Јасно ли е небото?”, на што било одговарано: “Јасно е. Над сите куќи јасно, над нашата темен облак стои”, и тоа се кажувало трипати. Додека се водел дијалогот, домаќинката трипати обредно се завртувала околу бутимот и трипати обредно заматувала во него…

ВОЛШЕБНА МОЌ НА ПРАЗНИКОТ

На ноќта спроти Ѓурѓовден и се придавало големо значење од аспект на можностите за ма-гиско дејствување, особено на собирањето на бериќетот од полето, но и од стоката.

Bo Скопска Црна Гора жените маѓе-сници правеле магии за одземање на млекото и на бериќетот. За таа цел, две жени, јавајќи на кросно co распуштени коси, се уди-рале co зад-ниците и велеле: „га с и га с, врчва мас”.

За спречување на овие ма-гиски дејства, обично бабите од село Раштак, ден пред Гурѓовден, сееле просо околу трлото, велејќи: „прво да го собере ова просо, па после да ми го земе млекото”.

Слични активности се преземале и во пределот Бојмија, каде што домаќинката за да ја заштити куќата од претстојните маги-ски дејства, вечерта пред празникот Ѓурѓевдин земала во скутот бело просо кое го посејувала пo дворот и околу куќата, притоа велејќи: „Кога душ-мајне ду зрно воја просо ки гу суберат, тогии и касмет да ни праземат!” Некои пак, покрај ова, куќата ја опашувале уште и со бел памучен конец, верувајќи дека со тоа куќата ќе биде недостапна за ма-гиите.

Во селата Скопска Батлија, навечер, секој под главата ставал малку лук. Штом ќе се пробудел, пробувал од лукот, но тоа морало да биде пред да го слушне ри-кањето на магарето.

Доколку се случело да го слушне ри-кањето на магарето, а притоа немал каснато од лукот, се велело дека магарето го раз-било и цело лето ќе му бучи главата, а во селото Бразда (Скопска Црна Гора) се велело дека оној што е раз-биен од магарето, ќе биде мрзлив, односно ќе биде мрзлива.

Во селото Јаболце, од почетокот на пролетта, па до Ѓурѓовден, секој штом ќе станел, пред да излезе, пробувал по нешто и се трудел тоа да биде што порано за да не ги слушне кукавицата, пупунецот, ластовицата или потполошката. Ако слушнел глас на некоја од овие птици пред да проба некое јадење, цело лето немало да му е добро на душата.

Hа ноќта спроти Ѓурѓовден, исто трка, и се придавала и голема вол-шебна моќ, а ce однесувала на претскажувањето на иднината. Девојките од селото Кучково, вечерта пред Ѓурѓовден, под перница ставале гранче од дрен за да биделе здрави како дрен.

За разлика од нив, момчињата засе-кувале перца од лук наменети за девојките: она перце кое утредента ќе било поголемо од преостанатите, таа девојка му била судената. Исто така, момчињата од село Романовце, во пределот Жеглигово, под главата ставае лепче и повикувале на сон да им дојде саканата за да го изеде лепчето.

Доколку се случело некое од момчињата да jа сонува девојката, тоа значело дека ќе биде негова. Во пределот Бојмија онаа девојка која сакала да дознае кој ќе и биде сопруг го префрлала својот појас или ирам преку греда, ставала под перница огледало и срп, по што легнувала да спие, притоа надевајќи се дека ќе го сони оној кој и е суден.

Некои, пак, кра-деле пченица од некој од соседите и co пченицата во џебот преспивале. По ова, му давале на саканото момче да ја проба пченицата. Постоело верување дека немало да поминат ни толку денови колку што изело зрна и момчето ќе ја запросело девојката.

Во други делови на Бојмија некои наполнувале чаша co вино или со вода, ја поклопувале со некој цреп и ја оставале некаде во градината да преноќи. Кога утредента девојката ќе појдела кај чашата и доколку во неа имало падната и удавена некоја мушичка, тогаш тоа било знак дека во текот на годината ќе се омажи.

Нишање на нишалки

Hа овој празник се изведувале и други обичаи, а имале за цел да обезбедат здравје во текот на годината што следува.

Речиси насекаде низ Македонија се забележани обредни активности поврзани co лулање, односно co нишање на нишалка направена од подебело јаже кое се заврзувало на некое раззеленето дрво, како на пример на орев, на врба, на топола, на цреша и слично, а сето тоа било проследено co обредни песни кои биле наменети за таа пригода.

Така, помладите девојки, во селото Јаболце, кај Скопје, се облекувале во нови алишта и се нишале.

Врзувале јаже за некое родно дрво и се „љељале”. Слични активности биле забележани и во селото Драчево, а при нишањето пееле:

„Љељо, љељо! Ѓурѓево лето пролето!

Девојка се љуља, момче ја гледа,

Момче се љуља, девојка го гледа”.

Bo некои предели co нишањето започнувале уште утрото, пред да изгрее сонцето. Така, во пределот Бојмија, според Стеван Тановиќ, ергените заврзувале љуљка сретсело на некое дрво (во селото Богородица, на пример, имало старо дрво до селската чешма).

Главно, ја избирале подесната страна, ја обвиткувале co некои крпи за да не трие јажето и преку неа надолу ги спуштале двата краја од јажето и ги заврзувале еден co друг. Hа чворот надоврзувале друго јаже кое им служело за занишување.

На „љуљката” се седело како на стол, бидејќи за седење имало ставено некоја вреќа што овозможувала седењето да биде удобно. Наставеното јаже му доаѓало ме-ѓу нозете на оној што се нишал на љуљката. Оној што знаел добро да љуља го земал наставеното јаже и започнувал да замавнува надесно, па налево.

Фото: дел од „Нишалка“ од Димитар Андонов Папрадишки, 1943 г, масло на шпер, 62х47 см, Сопственост на Национална галерија

Љуљањето можело да биде „пулека” и од гранка на гранка, односно да ги допира и гранките. Оној што не се плашел кога ќе допрел co грбот на гранките, откинувал неколу лисја или неке гранче и фрлал долу кај девојките. Прво се љуљале момците, а потоа девојките, жените, децата, па и старците. За време на љуљањето на некое момче, девојките, собрани, пееле:

“Мори, на кои ми е на љуљка та? Љу-ња-јеее

Мори, на та љуљка лудо младо, љу-ља-јеее…

Мори, лудо младо, дилбер Мито, љу-ља-јеее…

Мори, ми накривил крм’з фехче, љу-ља-јеее…

Мори, му закачил ал каранфил, Љу-ља-јеее…

Мори, јутат иде дајљан Цофа, љу-ља-јеее…

Мори, што и веле дилбер Мито: љу-ља-јеее!

Мори, јоди Цофо, да се љуљеме, љу-ља-јеее!

Аман, да се љуљме – век да викувме. Љу-ља-јеее!”

Кога се љуљала девојка, пееле:

„Мори, на кои ми е на љуљката? Љу-ља-јеее

Мори, на та љуљка лудо младо, љу-ља-је.

Мори, на та љуљка, назл’м Сирма. Љу-ља-је.

Мори, јубличела шарен фустан, љу-ља-је.

Мори, шарен фустан, јун басмаси. Љу-ља-је.

Мори, југат иде калеш Андон. Љу-ња-је.

Мори, што му веле фудул Сирма: љу-ља-је.

Мори, јоди Андон, да се љуљеме, љу-ња-је.

Аман, да се љуљме – век да викувме. Љу-ља-јеее!”