Подуениот стомак кај некои жени кој наликува на „6 месечна бременост“, понекогаш може да создаде непријатни и срамни ситуации, од непријатни прашања па до станување и ослободување на столче во автобус.
Задржувањето на течности, подуеност и вишокот гасови се главно предизвикувачи на ваквиот стомак.
Кога консумирате солена храна, богата со натриум, нашиот систем автоматски ја задржува водата во организмот за да го заштити од дехидратација.
Вишокот течности во телото може исто така, да биде пропратен ефект од некои лекови и контрацептивни средства.
Во потоплите месеци има тендеција за влошување на овој проблем, но правилната исхрана и хидратацијата можат да помогнат во голема мера.
Еве како да направите детокс на вашиот дигестивен систем, кој ќе го реши проблемот со подуеноста:
Од лубеница, краставица, лимон и целер можете да направите лесен, вкусен и здрав сок кој ќе ви помогне во елиминацијата на оваа непријатна подуеност на стомакот.
Редовното пиење на овој напиток ќе ве ослободи од гасовите а вашето тело ќе се ослободи од вишокот течности и токсини.
Неактивноста и слабата физичка активност може исто така, да доведе до отекување на нозете и стапалата. Овој вкусен напиток може да помогне во решавањето и на овој проблем. Пробајте!