Одличен рецепт, вкусно јадење за 10! Сармите можете да ги послужите со кисело млеко, ќе уживате во вкусот.
Потребни состојки: листови од блитва (33-35), 600 г мелено месо, 2-3 главици кромид, 50 г ориз, сув зачин (вегета), сол по вкус, 1 лажичка црвен зачински пипер во прав, малку црн пипер, сув магдонос, мирудија (копар) и 1 јајце
Постапка: листовите блитва добро измијте ги и потсечете го задебелувањето од дршката кое се наоѓа во средина на листот, за да не пу-каат кога ќе се виткаат. На оган ставете едно тенџере со вода, па кога ќе зоврие, кратко спуштајте ги листовите за да омекнат (неколку секунди) и вадете ги на цедалка. Оставете ги на страна да изладат.
Фил: пропржете ситно сечкан кромид на малку масло, па додајте го меленото месо. Кога малку ќе се пропржат заедно, додадјте ги зачините и уште малку динстајте. Пред крајот додајте измиен и исцеден ориз, па промешајте за да се изедначи смесата.
Пропржете уште малку, па смесата тргнете ја на страна да излади. Во подизладената смеса додајте едно јајце и промешајте (јајцето ќе даде поголема компактност).
Виткање: Листот од блитва ставете го на работна површина и наросете го со малку сув копар. На пошироката страна од листот ставете една полна супена лажица фил, па завиткајте ја сармата како што е прикажано во видеото.
Витканите сарми наредете ги во огноотпорен сад. Прелијте ги со вода колку да бидат прекриени сармичките. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени, околу 1-1,5 час.
Кој сака може одозгора да стави ладна запршка: Измешајте една супена лажица брашно и една чајна лажичка црвен пипер во прав, па измешајте со малку ладна вода да нема грутчиња. На средина од печењето прелијте ги сармичките, па вратете ги во рерна да се допечат. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
II РЕЦЕПТ: Пролетна сарма од лозов лист / Фотографија и рецепт на Снежана Трајковиќ. Најубавото пролетно јадење комбинирано со кисело млеко.
Потребни состојки: 1 кг мелено месо, 1 главица кромид, 1 шолја ориз, 1 прстофат оригано, 1 лажичка мелен црвен пипер, 40-тина лозови листови (чувани во бело вино)
Постапка: се берат чисти, непрскани листови и се попаруваат во врела вода со малку сол. Листовите се оставаат на решетка да се исцедат, а за тоа време се приготвува месото.
Се запржува сечкан кромид во малку масло, па се додава меленото месо и се зачинува. При крај кога местото ќе ја смени бојата се додава малку ориз и цвен пипер. Со лажичка се црпи од смесата и се става врз листот. Се преклопува од страните и се витка сармата.
Сармите се редат во намастена тава и се налеваат со вода (може и малку бело вино). Се пече во рерна на 180-200 степени околу 2 часа полека да крчка додека да омекне листот, а на крај се попарува со врело масло и црвен пипер. / Фотографија и рецепт на Снежана Трајковиќ