Позната американска нутриционистка Рајан Ламберт открива дека исфрлањето на јалехидратите од исхраната е многу погрешно.
Ако се обидувате да ги намалите килограмите, веројатно внесувате една група намирници, а друг вид на храна одбегнувате. Најчесто целосно се елиминираат јаглехидратите кои се сметаат за најголем виновник за дебелеењето. Но, дали навистина е така?
Експертот за исхрана, авторка на книгата и Инстаграм ѕвезда Рајан Ламберт има добри вести за сите љубители на јаглените хидрати.
Додека исфрлањето на јаглените хидрати некогаш беше претставено како решение за слабеење, Рајан вели дека Аткинсоновата диета и оние слични на неа, помогнале да се разбие митот дека јаглехидратите дебелеат.
-Овие диети забрануваат внес на леб, тестенини и компир, заменувајќи ги со намирници богати со протеини, како месо, јајца и храна богата со масти. Токму поради тоа оваа заблуда се рашири низ цел свет и сите се убедени дека јаглехидратите не’ дебелеат. Општиот став дека јаглените хидрати треба да се намалат во исхраната едноставно е погрешен – истакнува таа.
Причината за тоа е што одредени јаглехидрати се од витално значење за нашата исхрана бидејќи обезбедуваат најголем извор на енергија.
Многу јаглени хидрати се разложуваат и се претвораат во глукоза, која потоа телото ги користи како енергија за нашите мускули додека вежбаме, како и за работа на мозокот.
Исто така, тие може да се претворат во масти, складиштена енергија, која телото може подоцно да ја искористи.