Потребни состојки за тесто:
300 г брашно
3 жолчки
Малку сол
Рендана лимонова кора
100 мл млеко +-
20 г квасец
За фил:
100 г путер/маргарин
100 г шеќер
1 ванилин шеќер
Прелив:
100 мл млеко
1 лажица шеќер
Постапка:
1.Од наведените состојки се замесува тесто со приготвениот квасец и оставете да одмора 20 минути.
2.Развијте ја кората со дебелина 0,5 см (околу 35х35), па преку целата површина премачкајте со филот од изматен путер и шеќер.
3.Завиткајте како ролат и сечете на 4 см долги парчиња.
4.Ставајте ги ружичките на подмачкан плех, но внимавајте да не се допираат.
5.Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
6.Пред крајот на печење, ставете да проврие млеко и шеќер, па уште додека е топло прелијте преку секоја ружичка. Запечете уште малку.