Еве предлог за денешниот ручек: Ќофтенца и компирчиња полни со зачини, наредени едно до друго во тепсија, печени во рерна.

Потребни состојки:

300 г мелено месо

Млади компирчиња

Кора леб

Мала главица кромид

4 чешниња лук

1 јајце

Со, црн пипер, сув зеленчуков зачин, мелена црвена пиперка, магдонос, масло

Постапка:

Во меленото месо додадете сечкан или рендан кромид, 2 чешниња лук, кора од натопена кора во млеко па исцедена, зачини, ситно исечкан магдонос, едно јајце, па сето добро измесете и изедначите со раце.

Компирчињата исчистете ги и измијте ги, па во нив додадете малку масло, мелен пипер, 2 чешниња сечкано лукче, црн пипер, пипер, сув зачин, магдонос и добро измешајте. Редете во подмачкан плех – ред компирчиња, ред ќофтенца.

Можете да ставате ќофтенца помеѓу две компирчиња – комбинирајте по желба. Мирисите во текот на печењето ќе се спојат и ќе се рашират низ кујна, а вие ќе добиете едно фантастично јадење во кое ќе ужива целото семејство.