Сите сме слушнале за Ное и неговата арка. Е па, рецептот за ова јадење потекнува токму од него… Кога Ное му се пожалил на Бог поради неверниците, Бог му рекол да направи голем брод и во него да ги смести верниците и од секој животински вид по еден пар (машко и женско).

Кога Ное го послушал Бог и ја направил арката, тогаш бил испратен потопот врз неверниците. Меѓутоа, кога Ное со сопатниците пловеле со арката цел еден месец, започнале да ги трошат последните залихи од храната.

Тогаш ги собрале сите остатоци што ги пронашле на бродот со цел да направат некое големо вариво и така да се спасат од гладот. Тоа јадење што тогаш го направиле се нарекува АШУРЕ, односно јадење од жито, овошје и јаткасти плодови.

I РЕЦЕПТ: Традиционален рецепт за ашуре

Потребни состојки: 300 г пченица, 200 г ореви, една рака суво грозје по желба (не мора), 3 супени лажици густин/нишесте, 400 г шеќер или по вкус, цимет за наросување

Постапка: пченицата исперете ја во ладна вода, па додајте ја во тенџере со претходно зовриена вода. Варете ја житарицата со повремено промешување. Кога зрното ќе омекне, некаде пред крајот додајте го шеќерот и промешајте за тој да се раствори.

пченицата исперете ја (300 г)
200 г ореви
една рака суво грозје по желба (не мора), 3 супени лажици густин/нишесте
ставете ја пченицата да се вари

Потоа додајте ги оревите и варете уште малку. Намалете ја температурата додека го приготвувате густинот. На страна во посебен сад додајте го густинот и разматете го со малку ладна вода за нема грутчиња. А потоа, оваа смеса додајте ја во варената пченица и засилете го огнот.

додајте го шеќерот пред крајот, кога пченицата ќе омекне
промешајте уште малку
додајте ги оревите
варете уште неколку минути, па намалете го огнот
густинот разматете го малку вода
додајте го во тенџерето
мешајте додека да згусне

Варете уште неколку минути со постојано мешање додека да се згусне. Тргнете го садот на страна, оставете неколку минути да се подизлади, па префрлете ја смесата во соодветни садови. Оставете да се олади на собна температура, а потоа уште два часа во фрижидер. одозгора наросете со цимет по желба и декорирајте со сечкани јатки.

складирајте во садови и оставете два часа да се олади
наросете цимет

II РЕЦЕПТ АШУРЕ

Потребни состојки: 1 чаша (од 200 мл) пченица, 1/2 чаша грав, 1/2 чаша наут, 15 суви кајсии, 10 суви смокви, 1/2 чаша лешници, 1/2 чаша суво грозје, 1 јаболка, 3 каранфилчиња, 1/2 чаша сирови кикирики, 2 чаши млеко, околу 2 чаши шеќер, прстофат сол, прстофат црн пипер, малку рендана кора од портокал

Постапка: Пченицата, наутот и гравот претходната ноќ закиснете ги во вода (сите во различни садови). Следниот ден гравот и наутот сварете ги во посебни тенџериња, но внимавајте да не ги преварите. Имајте во предвид дека заедно со останатите состојки ќе се варат уште еден час.

Во друг сад варете ја пченицата 10 минути, а потоа фрлете ја првата вода, па повторно 10 минути, па фрлете ја и втората вода, а потоа налијте 1,5 литар вода и оставете да се вари 50 минути.

Кога пченицата ќе омекне додајте и го исцедениот грав и наут. Оставете сè да се вари на умерена температура. Сувите смокви и кајсии исечкајте ги на ситни коцкички, па потопете ги во превриена вода 10 минути. Истото сторете го и со сувото грозје. Исцедете ја водата и додајте ги состојките во тенџерето.

Во четвртина јаболко забо-дете ги каранфилчињата и сварете ги со една чаша вода околу 15 минути. Потоа водата излејте ја во тенџерето. Додајте го млекото и постепено додавајте ги и останатите состојки. Повремено мешајте и гответе околу еден час, но внимавајте да не се преварат состојките.

Изрендајте малку кора од портокал и гответе во вода, потоа фрлете ја таа вода за да се отстрани горчината од кората. Кога гравот и наутот се сварени, проверете ја блажината, па по потреба додајте уште шеќер. Смесата не треба да биде премногу густа, затоа што подоцна ќе се згусне, па да не излезе премногу густо.

Смесата излејте ја во посебни садови и декорирајте по желба и вкус: цимет, кокос, мелени лешници или калинка. Исто така, состојките во самиот рецепт можете да ги менувате, односно да додавате или одземате по потреба и желба.