Ова е исповед на жена на која и се преостанати 10 години живот: Морав да се помирам дека никогаш ќе немам свое семејство!
Британката дознала дека за десет години ќе заболи од редок наследен облик на деменција кој се јавува во 1% од сите случаи на деменција.
„Отидов на генетско тестирање пред две години и дознав дека имам исти мутации во АРР генот кои предизвикаа деменција кај татко ми. Тој у мре на 60 годишна возраст, а оваа состојба кај него се разви кога имаше 40 – раскажува Лора Сајдерс (36) од Велика Британија.
Сознанието дека во следните 10 години ќе ја наследи оваа болест ја шо-ки-рало.
„Го наследив тој АРР ген. Ми рекоа дека 100% ќе заболам од овој редок облик на Алцхајмерова болест во средните 40-ти години од животот. Морав да се помирам со фактот дека никогаш нема да доживеам пензија, ниту ќе имам свое семејство. Добро знам за што станува збор, бидејќи јас се грижев за татко ми кој рано заболе од Алцхајмер”, вели оваа млада храбра жена и додава:
„Сега поголемиот дел од животот го живеам во сегашноста и се фокусирам на кариерата. Би сакала секоја година да отпатувам на еден месец, сакам да патувам и максимално да ги искористам овие 10 години кои ми се преостанати. Приоритетите не ми се променети. Не морам да размислувам за хипотека, ниту да трупам работи околу куќата”.
Кога имала 26 години Лора се преселила во Австралија. Но после дијагнозата се вратила во Велика Британија за да може да биде поблиску до семејството и пријателите.
Сега се обидува да ја подигне свеста за овој редок, наследен облик на деменција кој се појавува во помалку од 1% од сите случаи.
„Знам дека тоа не можам да го променам, но сакам да го променам начинот на кој размислуваат луѓето околу мене за раната појава на Алцхајмерова болест, сакам да ги освестам дека тоа не е таму”, рекла таа и раскажала како изгледал патот до нејзината дијагноза.
„Процесот вклучуваше анализа на кр-вта чии наоди ги чекав шест седмици. Датумот кога резултатите ми беа соопштени, ми се врежа во мозокот. Моите пријатели беа многу љубезни и се обидуваа постојано да ме уверат дека сум добро и дека нема да има лоши вести, но дел од мене знаеше дека го носам тој ген”, вели таа.
„Овој момент не стра-вувам од болеста, повеќе се плашам дека нема да имам време да ги завршам сите работи што ги сакам во животот. Луѓето за тоа не се свесни, но навистина е луксуз кога имаш контрола над работите“, додава таа.
Инаку, од овој ран облик на Алцхајмерова болест луѓето заболуваат на возраст од 40-ти до рани 60-ти години од животот. Таа состојба предизвикува деменција и често се смета за болест на стари луѓе, но 5% од заболените се помлади од 65. Алцхајмер е прогре-сивна болест на клетките од мозочната кора и околните структури, а симптомите со текот на времето се влошуваат.
ЗНАЦИ ЗА АЛЦХАЈМЕРОВАТА БОЛЕСТ:
Влошување на меморијата и памтењето: се развива постепено, најмногу се забораваат настани кои неодамна се случиле.
Потешкотии во извршувањето на секојдневните активности: одржување на лична хигиена, потешкотии во пронаоѓањето на стан или улица, работно место, постојано заборавање на ситни работи како клучеви, очила и слично.
Потешкотии со говорот, читање и пишување: заборавање на зборови во секојдневниот говор, замена на истите зборови со некои слични, неразбирлив говор, честа употреба на фрази.
Губиток на просторна и временска ориентација: заболените не можат да се сетат кој месец е, ден или година, кое годишно време, не се снаоѓаат на од порано познатите места.
Погрешни проценки и одлуки: на ја разликуваат вредноста на парите, се облекуваат нескладно во однос на годишното време. Пореметување на апстрактното мислење: неможност за исполнување на некој формулар, неразбирање на поимите: „роденден”, „љубов”, „праведност”.
Зачестено губење на работите, оставање на работите на невообичаени места, често барање на работите по џебови.
Промена во расположението и однесувањето: промена во однесувањето како на пример: не-мир, нер-воза, лутина со нагла промена кон голема смиреност и незаинтересираност за настаните околу себе, безпричинска тага и пла-чење со промена кон добро расположение и смеа.
Промена на однесувањето: претерано сомневање, обвинување на околината за краж-ба на пари, отуѓување од работите, стра в од присутност на непознати луѓе, стра в од сè од околината, љубомора, недоверба.
Губиток на концентрација и интерес за социјални активности, целосна незаинтересираност, чувство на осаменост и престрашеност.