Паштетите се едни од омилените кога станува збор за намази кои се мачкаат на леб, особено децата многу ги сакаат. За жал, овој производ се вбројува меѓу храната која не ја препорачуваат нутриционистите поради тоа што содржат многу сол и додатоци кои се штетни за организмот.

За среќа имаме еден многу лесен рецепт за домашна паштета кој го објави Верица Николиќ, а се приготвува од туна и сардина. Рокот на траење му е само 3-4 дена доколку се чува во фрижидер, па според планираната количина која сметате дека ќе ја потрошите, искористете онолку состојки колку ќе ви бидат потребни.

За да ја направите оваа рибина домашна паштета не ви е потребно многу материјал, ниту многу време, а многу е вкусна. Пред сè домашна е и точно знаете што сè сте ставиле внатре. Овој вкус е нешто совршено, што нема да го сретнете кај купечките паштети. / Рецепт и фотографија на Верица Николиќ

Потребни состојки: 1 конзерва туна во парче во масло (од 180 г), 2 конзерви сардина во масло (од по 125 г), 100 г кромид, 1 лажица сенф, 1 лажичка кечап, 200 г маргарин, 2 мали лажички лимонов сок и сол по вкус.

Постапка: туната и сардините исцедете ги од маслото. Маргаринот оставете го да омекне на собна темопература. Кромидот излупете го и ситно исечкајте го. Сите состојки поделете ги на половина за полесно да ги соедините и да ги претворите во убав намаз.

Значи, половина од количината на состојките ставете ги во „сечко“ или блендер и миксајте сè додека да се добие мазна кремаста смеса која потполно потсетува на вистинска паштета. Додајте сол по вкус и изматете кратко само колку солта да се соедини.

Истото повторете го и со втората половина од состојките. Ако имате голем блендер тогаш можете сите состојки одеднаш да ги ставите и сомелете. Добиената паштата складирајте ја во соодветен стаклен или порцелански сад, поклопете и оставете во фрижидер.

Најдобро би било да се послужи следниот ден кога сите состојки убаво ќе се измешаат и соединат. Јас не успеав да се воздржам, па на паштетата и „дозволив“ да отстои само четири часа, па таква ја пробав.

Само ќе ви кажам дека, јас – која не сум некој љубител на рибини паштети, со сласт изедов две тостирани парчиња леб премачкани со паштетата. Можам слободно да ви кажам дека ваков, совршен вкус сè уште не сум пробала кај купечките паштети. Оваа паштета во фрижидер има рок 3-4 дена. / Фотографија и рецепт на Верица Николиќ

II РЕЦЕПТ – ПИЛЕШКА ПАШТЕТА

Ако имате едно парче пилешко месо, направете ја оваа превкусна паштета, не сте јаделе ништо повкусно. Домашна здрава и хранлива пилешка паштета – по вкус и квалитет не можат да и конкурираат купечките / Фотографија и рецепт на Душица Голубовиќ – Домашна и многу вкусна пилешка паштета.

Нема ништо подобро од домашно приготвена пашета која децата ќе ја обожуваат, а и возрасните, исто така. Многу е вкусна и многу брзо се изедува, па затоа не и се знае рокот на траење. Брзо и лесно се приготвува, потребен ви е само блендер и неколку намирници.

Потребни состојки: 1 парче бело пилешко месо, ½ -¼ главица кромид зависи од големината, 1-2 чешниња лук – кој сака, не мора, 2-3 варени јајца, 2-3 триаголници топено сирење (и ова не мора, го збогатува вкусот), сув зачин, црн пипер, копар, сол, зачини по вкус и мајонез по потреба, се додава за да ја разреди смесата.

Постапка: Сварете го белото пилешко месо, а течноста што ќе ви остане може да ја искористите за правење супа. Сварете и две-три јајца, зависи од нивната големина. Исечкајте го месото, па заедно со јајцата и кромидот, а кој сака може да стави и малку лукче, сомелете ги во блендер.

Додајте зачини и неколку лажици мајонез за да добиете убава паста која се мачка. Кој сака може да додаде и топено сирење кое оди во оригиналниот рецепт, но јас го заборавив и супер ми излезе, не недостига. Зачините ги ставате по свој вкус, јас ставив сув зачин, мелен пипер, сол и сув копар. Мајонезот се додава по вкус и желба.

За деца се сервира во поголем слој на препечено лепче, а за возрасни на препечен леб намачкан во тенок слој со путер и се сервира со изладено бело вино. / Фотографија и рецепт на Душица Голубовиќ – Домашна и многу вкусна пилешка паштета, за целото семејство.