Здравиот начин на исхрана е еден од основните принципи при спроведување на детоксикационен режим на исхрана. Надворешни агенси кои влијаат негативно на нашиот организам се: воздухот кој се вдишува, разни гасови, водата која ја пиеме и во која се капеме.

Потоа, од користење на вообичаени средства за лична хигиена и средства за чистење на простории, несоодветна исхрана, храна со конзерванси, штетни хемикалии, хормони, адитиви и пигменти во храната, внесување на токсини, штетни метали (олово, жива, алуминиум и др.) и голема количина на лекарства.

Како внатрешни токсини се сметаат супстанциите кои се продукти на самиот метаболизам на внесената храна богата со маснотии, протеини и рафинирана храна. Стрес факторот, брзиот начин на живот, малку телесни вежби и други влијанија кои ја пореметуваат биолошката рамнотежа на организмот влијаат на интоксикацијата.

Се препорачува детоксикација на организмот двапати годишно, обично во период од три седмици, со цел подобрување на психо-физичката состојба на организмот. Интоксикацијата се препознава преку вообичаени непријатности и симптоми со кои се среќава модерниот човек како што се: главоболка, лоша дигестија, опстипација, подуеност во стомакот, појава на кандида итн.

Со еден збор нападнат е секој систем во организмот, а резултат на тоа е постојана умор, лоша концентрација и негативен став во животот. Постојат многу начини за детоксикација на организмот, но се смета во колку не постојат точно индицирани состојби да се спроведе еден здрав и природен начин на детоксикација во кој е потребно да се следат само одредени основни принципи.

Истиот не бара спроведување на строги режими, а се очекува да се контролира внесот на прехранбените продукти. Детоксикациската диета е сведена на краткорочни диетални програми засновани на овошни оброци и природно цедени сокови, што треба да го прочистат организмот од т оксини.

Како прво, секој што сака да спроведе детокс – диета најважно е да прибегнувајте кон лаксативи, што може да ја наруши цревната микрофлора. Диетата богата со диетални влакна е во фокусот на потребните нутриционистички мерки, додека вториот дел од оваа диета се состои од адекватен внес на течности, пред се вода и билни чаеви.

За лице со просечна телесна тежина и висина, ова значи 2,5 – 3 литри вода, испиено во текот на денот. Покрај тоа, треба да го ограничит внесувањето на шеќер, млечни производи (освен ферментирани млечни пијалаци како јогурт, кефир, пробиотици кои треба редовно да се консумираат).

Киселата зелка често е неправедно запоставена, што е ризница на витамин Ц, пробиотички бактерии и растителни влакна кои едноставно го стимулираат имунитетот и дигестивните процеси. Акцентот е ставен на следната храна: кромид, лук, карфиол, брокула, хељда, јачмен, смокви, сливи, боровинки, јаболка, цитрон, мандарини, портокали.

Водата е неопходна за извршување на метаболичките процеси на детоксикација во нашето тело. Внесот на течности треба да се насочите само кон пиење на вода.  Покрај тоа, за да се врати рамнотежата во варењето на храната, како и на ниво на ензимскиот систем, потребна е постепена хидратација, со пиење 1 чаша вода на секои 45 – 60 минути.

На овој начин, бубрезите ќе можат да го регулираат кр-вниот притисок, како и нивото на електролити без несакани ефекти. Препорачливо е да пиете до 1 литар свежа сурутка дневно, за просечно здраво лице, кое нема проблеми со бубрезите, бидејќи ги стимулира бубрезите да лачат уреа (диуретик), содржи рибофлавин (витамин од Б група), како и лактоглобулини кои го стимулираат имунитетит и глутатионот во црниот дроб, белите дробови и во целост организмот.

Зелен чај треба да се пие наместо кафе, во количини од 3 – 4 чаши на ден (за луѓе без висок кр-вен притисок), чии полифеноли епигалокатехини и катехини го подобруваат антиоксидативниот статус во кр-вната плазма, а овој чај е исто така ефикасен диуретик.

зелен чај

Како и во вообичаените програми за исхрана, така и во оваа програма треба да се намали внесот на натриум (не само солена храна, туку и онаа храна богата со натриумови соли – конзервирана и преработена храна).

Црниот дроб е орган кој е најдиректно е погоден од неправилниот начин на исхрана, со оглед на мноштвото процеси што ги регулира. Ако жолчката исцеди полека или недоволно жолчна киселина, се нарушува рамнотежата на холестеролот и се јавува малапсорпција на витамини, калциум и железо во тенкото црево.

Затоа е важно да се овозможи и стимулира производство и одлив на жолчката со насочена диета (само ако лицето не боледува од камења во жолчката). Тоа е првенствено храна богата со диетални влакна растворливи во вода: кора од јаболко, смокви, сливи, растворливи влакна од овес кои го намалуваат холестеролот и влијаат на апсорпцијата на жолчните киселини.

Исто така, важни се влакната од грав, соја, лен и неизбежната брокула и карфиол, кои имаат позитивен ефект врз нивото на гликоза во кр-вта и избалансиран одговор на инсулин.

Антиоксиданси

Витамин Ц, витамин Е, селен како примарни антиоксиданти и полифеноли и фитохемикалии, меѓу другото, ги штитат клетките од оксидативно оштетување. Изворите на витамин Ц се добро познати (калинка, портокал, мандарина, боровинка, магдонос).

Селенот се наоѓа претежно во бразилските ореви, витамин Е може да се најде во бадеми и ореви, а полифенолите треба изобилно да се внесуваат во оваа детокс – диета од разнобојно овошје и зеленчук (боровинки, брусница, сливи, брокула, кромид).

Глутатион како најважен антиоксиданс во организмот, во ваква диетална програма ќе дојде до посакувани концентрации, нагласувајќи дека авокадото, аспарагусот, цитронот, сурутката и пилешкото месо може да го стимулираат неговото производство.

Лукот, поради соединенијата на сулфур и алицинот, е природен антибиотик и го намалува холестеролот, и треба да се користи при подготовка на чорби, салати, а особено е лековит во комбинација со магдонос и маслиново масло при подготовка на риба.

Детокс – диетална програма за 5 дена

Ден I: За појадок на празен стомак испијте 300 мл свежа сурутка или направете смути од 3 лажици овесна каша, 1 чаша замрзнати боровинки, 2 сливи, 1 лажица мелено ленено семе, 1 лажичка цимет, 300 мл млеко од соја. Изблендирајте ги состојките и испијте го смутито свежо подготвено.

За ужина подгответе овошна салата од 2 мандарини, 1 цитрон, 1 јаболко, 1 лажичка цимет. За ручек одберете помеѓу леќа, ориз, печен ослиќ со маслиново масло, копар, а покрај вас секогаш нека има зелена салата закиселена со лимонов сок. После ручекот најдобро е да испиете еден зелен чај.

Вечерата може да ја изоставите, но доколку сте премногу гладни сварете еден варен компир и изедете го непосолен. Ден II: За појадок на празен стомак испијте 300 мл свежа сурутка или направете ја следната комбинација.

300 мл кефир со мала масленост, измешајте со 1 лажица мелено ленено семе и додајте 5 лажици овесни снегулки. За ужина испијте свежо процеден сок од 2 цитрони разредени со сок од алое вера.

За ручек сварете грав и послужете со цвекло салата. Додајте куркума и црн пипер во чорбата за поголемо антивоспалително дејство. Може да изедете и едно парче интегрален ‘ржан леб со семиња.

За вечера изедете компот од 2 јаболка, 1 круша, 5 сливи и 3 суви смокви, но може да подготвите и овошна салата од истите состојки. Ден III: За појадок испијте една чаша свежо процеден сок од алое вера.

За ручек подгответе печено пилешко месо (што помалку посолено) со комбинација од печен зеленчук како хељда, праз, целер и моркови. Може да зачините сос сув магдонос и прашок од лук.

За вечера изедете 2 портокали или салата од црвен кромид, закиселена со јаболков оцет и маслиново масло, ‘ржан леб и фета сирење. Ден IV: За појадок подгответе овесна каша со соја млеко, ситно сечкани бадеми и 1 мандарина. За ужина направете овошна салата од 1 јаболко, 1 кива и 1 портокал.

За ручек повторно направете грав со тиква, кромид, морков и 1 варен компир со прилог салата од цвекло. За вечера пијте само вода колку можете повеќе. Ден V: За појадок испијте 300 мл свежа сурутка на празен стомак. За ужина изедете 2 рендани јаболка со цимет по желба.

За ручек испечете пастрмка со лековити зачини во комбинација со лук, куркума и малку сол. Во пролог на секој ручек имајте свежо подготвена салата. За вечера искомбинирајте свежо овошје.

Детоксикацијата базирајте ја на свежо овошје и зеленчук и пијте многу вода за време на процесот. Доколку по детоксикацијата или за време на диетата добиете дијареа, тоа е знак дека отпочнал процесот на прочистување. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска