Ова е еден од најздравите и највкусните појадоци, затоа што содржи витамини и минерали кои го подобруваат изгледот на кожата, косата, го нормализираат метаболизмот и го јакнат организмот. Овој секојдневен појадок ќе ви помогне во елиминирање на талозите од организмот и ќе ви ги исчисти цревата.

Го решава проблемот со мрзливи црева и опстипација, го забрзува согорувањето на масните талози и ја нормализира тежината. По еден месец консумирање, лесно ќе изгубите 3-5 килограми од вишокот тежина. Тенот на кожата, косата и ноктите ќе станат поздрави и убави, а стомакот полека ќе ви се “истопи”.

За подготовка на овој појадок ќе ви биде потребно:​

300 мл кефир (или немасен јогурт)

2 супени лажици овесни снегулки

1 кафена лажичка смелено ленено семе

1 кафена лажичка какао во прав

5-7 суви сливи

Подготовка:

1.Појадокот се подготвува одвечер за следниот ден.

2.Сувите сливи прелијте ги со 100 мл врела вода и оставете да набубрат 5-10 минути.

3.За тоа време, овесните снегулки, лененото семе и какаото прелијте ги со кефирот, и сето добро измешајте го.

4.Сливите исечкајте ги (или направете пире во блендер) па додајте ги во претходната смеса.

5.Добро измешајте и ставете во фрижидер.

Наутро извадете ја смесата од фрижидер, оставете неколку минути да се изедначи со собната температура и уживајте во здравиот и вкусен појадок. Резултатите набргу ќе бидат видливи.

Можеби првите денови ќе имате реакции во стомакот, но за неколку дена вашиот дигестивен тракт ќе воспостави рамнотежа.