Болките во колената и зглобовите се проблем што засега многу луѓе ширум светот. Иако главно се јавува во старост, заради стареењето на лигаментите и зглобовите, оваа состојба се должи и на лошо држење на телото или носење несоодветни обувки подолго време.
За среќа, постои ефикасен природен лек што може да ви помогне да ја излечите болката, без оглед на причината. Овој рецепт се состои од состојки богати со бромелаин, витамин Ц, силициум и магнезиум, кои не само што ќе ги смират болките во колената и зглобовите, туку ќе ги зајакнат тетивите и лигаментите.
Потребни состојки: 1 шолја вода, 1 шолја овесна каша, 1 шолја свежо исцеден сок од портокал, 2 шолји исечени коцки ананас, 1 лажичка цимет, половина шолја мелени бадеми и малку мед.
Подготовка: Ставете ја овесната каша во тенџере со вода и оставете ја да се готви неколку минути додека да омекне. Потоа тргнете го садот настрана и оставете да се излади пред да ја додадете во блендерот. Во блендерот додајте го ананасот исечкан на коцки, бадемите, лажичка цимет, сокот од портокал и малку мед по вкус.
Измешајте ги состојките добро, додавајќи малку вода додека да ја добиете посакуваната густина. Консумирајте од смесата секој ден и болката ќе исчезне, а зглобовите, тетивите и лигаментите ќе станат посилни.
Прочитајте ја и следната статија: 2 недели пиев јаболков оцет на овој начин, го излечив артритисот и оттогаш немам почувтвувано никаква болка
Линда Фокнер е 50-годишна Британка на која и бил дијагностициран артритис во 2006 година. Болката најпрво започнала да ја чувствува во дланките од рацете, а наскоро се проширила во пределот на грбот и вратот и состојбата од ден на ден се влошувала.
За да ги ублажи болестите на болните зглобови, таа пробала безброј третмани. Испробала сè, од додатоци за зајакнување на зглобовите, како хондроитин, глукозамин и колаген, до стероиди и лекови против болки. Ниту еден третман и лек не и помогнал долгорочно.
Еден ден дознала за овој прочуен напиток, кој и го решил проблемот засекогаш. Линда одлучила да го испроба лекот кој ја спасил од болката.
Јаболков оцет за здравје на зглобовите
Со векови е познато дека оцетот има бројни позитивни фактори врз целокупното здравје на човекот. Меѓу другото, јаболковиот оцет се покажа како одлична алатка која го зачувува здравјето на зглобовите и коските.
Пијалакот од јаболков оцет и мед е одлична комбинација која го лекува артритисот. Овие две намирници ја зголемуваат подвижноста на телото, ги штитат зглобовите и коските од распаѓање и спречуваат воспаление.
Мешавина за третман на артритис
Потребни состојки: 1 лажица јаболков оцет, 1 лажица мед, 1 чаша топла вода.
Подготовка: Во чаша топла вода измешајте 1 лажица јаболков оцет и 1 лажица мед. Консумирајте двапати на ден од смесата. Линда ја пиела оваа мешавина секој ден, наутро и навечер. По само 2 недели, таа се чувствувала значително подобро.
Придобивки на јаболковиот оцет
Ја намалува болката во зглобовите
Болките во зглобовите може да бидат предизвикани од недостаток на минерали, па затоа диетата базирана на храна богата со овие хранливи материи помага при артритис. Јаболковиот оцет е моќен природен лек за зглобовите бидејќи содржи изобилство на минерали, како што се магнезиум, калциум, калиум и фосфор.
Ги зајакнува коските
Бидејќи содржи магнезиум, кој ја стимулира апсорпцијата на калциум во организмот, јаболковиот оцет ја зајакнува структурата на коските. Калиумот особено помага против калцификација, па затоа неговиот внес го намалува чувството на вкочанетост на зглобовите.
Спречува штетни ефекти на слободните радикали
Антиоксидансите и оцетната киселина го блокираат дејството на слободните радикали. Благодарение на тоа, редовната потрошувачка на јаболков оцет може да спречи многу дегенеративни болести.
Помага при варење на храната и поттикнува детоксикација на организмот
Јаболковиот оцет го стимулира варењето и апсорпцијата на хранливите материи, што е предуслов за здравјето на зглобовите. Јаболковиот оцет го стимулира исфрлањето на токсини од организмот. Акумулираните токсини во зглобовите се една од причините за артритис.
Домашни рецепти за ослободување од артритис:
Сок за болни зглобови: Додајте 1 лажичка јаболков оцет во чаша сок од вишни и редовно консумирајте го овој напиток. Вишните содржат антоцијанини кои се многу ефикасни за лекување на воспалителни состојби.
Кокосово масло и јаболков оцет за масажа
Направете мешавина од 2 лажици јаболков оцет и 1 лажица кокосово масло и истријте ги болните зглобови.
Чај од нане и цимет
Во шолја чај од нане додајте 1 лажица јаболков оцет, 1 лажичка мед и 1 лажичка цимет. Пијте еднаш дневно за да ги ублажите симптомите на артритис. Овој пијалак има и антибактериско дејство.
Други придобивки од јаболков оцет:
Ја балансира pH вредноста на организмот, го намалува шеќерот во кр-вта, ги ублажува настинките и го ублажува рефлуксот на желудникот, ги намалува алергиите, придонесува за убавината на косата и успешно ги намалува вишокот килограми. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска