Потребни состојки:
1 ½ кг компир
500 мл павлака за готвење
200 мл млеко
100 мл масло
1 крем супа од печурки
Зачини по вкус (црн пипер, сечкан магдонос)
По желба кашкавал
Постапка:
1.Излупете го компирот и исечкајте го на тркалца. Зачинете со пипер, зачини и измешајте.
2.Супата во прав измешајте ја со павлаката за готвење, но така да нема грутки, па додадете млеко и масло, па магдонос ситно исечкан и измешајте.
3.Компирот наредете го во тепсија (30 см) и прелијте со приготвената павлака и состојките.
4.Печете во веќе загреана рерна на 200 степени околу 35-40 минути.
5.На кратко извадете, наросете со рендан кашкавал и вратете уште 10-тина минути за да се стопи кашкавалот.
Послужување:
Вака приготвениот компир е сочен и заситува. Со некоја салата по желба, може да замени цел оброк. Кашкавалот не е неопходен.