Оваа лековита маст можете да ја користите за лекување на бронхитис, отитис, ангина, отоци, изгореници, модринки, отворени рани, пукнатини на рацете и нозете, воспалени јајници, трофички чиреви и низа женски болести.
Во зависност од болеста, што се однесува за надворешна употреба, маста треба да се мачка, да се става како облози или да се втрива.
Може да се користи и за внатрешна употреба – половина лажичка трипати дневно пред оброк.
Потребни состојки:
1 јајце,
400 мл растително масло (на пр. кантарионово),
60 грама пчелин восок +-
Постапка:
Сварете го јајцето и извадете ја жолчката, белката не ви е потребна за рецептот.
Жолчката издробете ја на тацна, а во емајлиран сад ставете го маслото.
Додадете го восокот и на тивок оган растопете го. Кога ќе започне да „потпукнува“, малку по малку додавајте од жолчката, трошка по трошка. Маслото ќе пени па бидете спремни брзо да го тргнете од оган.
Кога маслото ќе се смири, повторно вратете го на оган. Продолжете да ја додавате жолчката до крај, постојано мешајќи со лажица.
Смесата ќе ја промени бојата и ќе стане темно кафеава.
Тргнете од оган и оставете да отстои 15-20 минути. Процедете низ газа или цедалка со ситно сито. Остатоците од жолчката фрлете ги.
Кога маста ќе изалди, ставете ја во стаклена тегличка и затворете со капак. Маста чувајте ја во фрижидер, најдолго 10 месеци.