Потребни состојки (1 шолја = 250 мл):
1 шолја + 1,5 шолја бело брашно
1 квасец сув (8 г)
1 лажичка сол
½ лажица шеќер
1 шолја топла вода
Малку пченкарно брашно за поросување на плехот
За премачкување:
1 белка
1 лажица вода
Постапка:
Во поголем сад измешајте 1 шолја брашно, сол, квасец и шеќер. Измешајте и додадете топла вода. Со миксер за тесто матете неколку минути.
Малку по малку додадете го и преостанатото брашно (отприлика 1,5 шолја брашно) додека да добиете мазно тесто кое не се лепи. Мешајте околу 10-тина минути.
Тестото ставете го во намастен сад и покријте го со крпа.
Ставете го садот во рерна со запалено светло околу 1:30 час, односно додека смесата да се удвои.
Премесете. На побрашнетата површина со оклагија развлечете го тестото во правоаголник со величина од околу 30х38 см. Свиткајте во кифла и притиснете ги краевите.
Обложете го плехот со хартија за печење, лесно намастете и поросете со пченкарно брашно.
Префрлете го тестото врз плехот, засечете го со нож на неколку места и премачкајте со белка помешана со малку вода. Покријте со крпа и повторно ставете во рерна запалена на светло, на околу 45 минути.
Печете на 190 степени 40-45 минути ( или во зависност од рерната, мојот се испече за 35 минути).
Топол лебот, завиткајте го во влажна крпа додека да омекне.