Фотографија и испробан рецепт на Јадранка Јурчевиќ. Овие уштипци се приготвуваат многу брзо, не ги чекате да нараснат, нема квасец. Од оваа мерка излегуваат баш доста. Евтини се а боговски вкусни, нас дома сите не воодушевија. Преубави, златни, воздушести, шупливи уштипци кои се прават за 10 минути.
Рецепт и видео презентација на “Направи Сама – Идеи за Креативци” – Јогуртни пишии за 10 минути: меки, шупливи, превкусни, евтини а излегуваат многу. Еден од најдобрите рецепти за брзи пишии кои можете да ги приготвите за појадок или вечера.
Се прават без квасец, па нема потреба од чекање тестото да стасува. Навистина, ова е еден рецепт за брз и вкусен оброк. Ќе ви бидат потребни само неколку состојки и околу 10 минути за да ги приготвите овие феноменални брзи јогурни пишии. Вкусни, мирисни, меки како душа, шупливи…
Потребни состојки: 250 мл јогурт, 1 јајце со средна величина, ½ кесичка прашок за печиво, 1-1,5 лажичка сол, по вкус, 450-500 г брашно и масло за пржење
Постапка: Во еден сад ставете 250 мл јогурт, едно јајце со средна величина и изматете со жица за матење додека да се соединат. Во смесата додадете половина кесичка прашок за печиво, промешајте, па додадете сол по вкус, приближно 1-1,5 лажичка.
Додека мешате постепено започнете да го додавате брашното. Ќе ви биде потребно околу 450-500 грама брашно или по потреба (во зависност од тоа колку брашното впива влажност), додека да добиете меко и еластично тесто кое не се лепи за раце.
Тестото истресете го врз убаво набрашнета работна површина, малку премесете го, формирајте топка, наросете го озгора за да не се лепи, па со оклагија развлечете кора.
Исечете ја кората на коцки, правоаголници или триаголници, правете ги облиците по ваш избор. Парчињата тесто спуштајте ги во добро загреано масло и веднаш намалете ја температурата на умерена.
Пржете ги од двете страни додека да дбијат златнорумена боја. Редете ги во чинија обложена со хартиена салветка и можете веднаш да ги послужите додека се топли. Сите детали околу постапката за приготвување можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
Некои ги нарекуваат пишии, некои уштипци, но тоа навистина не е важно. Она што е најважно е дека рецептот повеќепати е проверен и секогаш е успешен, па може да го приготват и помалку искусните во кујна. Со овој рецепт добивате брз и многу вкусен оброк.