Фото и рецепт: Томовиќ Слаѓана
Потребни состојки:
700 г блитва (4 врзопи)
400 г мелено месо
1 главица кромид
1 шолја ориз претходно сварен
3 јајца
1 шолја млеко
Зачини
Постапка:
1.Блитвата се обарува, се отстранува тврдиот дел од зелениот. Сечкаме.
2.Оризот исто така го обаруваме.
3.Во вок тава кратко го динстаме кромидот, го зачинуваме, го додаваме месото и уште малку динстаме.
4.Кога месото е испржено, ја додаваме блитвата и оризот, па сето убаво го соединуваме.
5.Во керамички сад ја распоредуваме месата и прекриваме со алуминиумска фолија.
Се става во рерна и се запекува околу 15 минути на 180 степени. После 15 минути, матиме три јајца со чаша млеко и ја преливаме мусаката. Запекуваме уште 15-тина минути додека да добие златно румена коричка.