Home Рецепти Ако имате едно парче пилешко месо, направете ја оваа превкусна паштета, не...

Ако имате едно парче пилешко месо, направете ја оваа превкусна паштета, не сте јаделе ништо повкусно

Домашна здрава и хранлива пилешка паштета – по вкус и квалитет не можат да и конкурираат купечките / Фотографија и рецепт на Душица Голубовиќ – Домашна и многу вкусна пилешка паштета.

Нема ништо подобро од домашно приготвена пашета која децата ќе ја обожуваат, а и возрасните, исто така. Многу е вкусна и многу брзо се изедува, па затоа не и се знае рокот на траење. Брзо и лесно се приготвува, потребен ви е само блендер и неколку намирници.

Потребни состојки: 1 парче бело пилешко месо, ½ -¼ главица кромид зависи од големината, 1-2 чешниња лук – кој сака, не мора, 2-3 варени јајца, 2-3 триаголници топено сирење (и ова не мора, го збогатува вкусот), сув зачин, црн пипер, копар, сол, зачини по вкус и мајонез по потреба, се додава за да ја разреди смесата.

Постапка: Сварете го белото пилешко месо, а течноста што ќе ви остане може да ја искористите за правење супа. Сварете и две-три јајца, зависи од нивната големина.

Исечкајте го месото, па заедно со јајцата и кромидот, а кој сака може да стави и малку лукче, сомелете ги во блендер. Додадете зачини и неколку лажици мајонез за да добиете убава паста која се мачка.

Кој сака може да додадет и топено сирење кое оди во оригиналниот рецепт, но јас го заборавив и супер ми излезе, не недостига.

Зачините ги ставате по свој вкус, јас ставив сув зачин, мелен пипер, сол и сув копар. Мајонезот се додава по вкус и желба.

За деца се сервира во поголем слој на препечено лепче, а за возрасни на препечен леб намачкан во тенок слој со путер и се сервира со изладено бело вино.

Фотографија и рецепт на Душица Голубовиќ – Домашна и многу вкусна пилешка паштета, за целото семејство.