Потребни состојки:

За пандишпан:

• 15 лажици брашно за колачи од Жито Лукс

• 5 јајца

• 15 лажици шеќер

• 15 лажици масло

• 15 лажици млеко

• 1 кесичка ванилин шеќер

За фил:

• 250 мл слатка павлака

• 1 кесичка желатин

• 1 лажичка екстракт од ванила

• 200 г јагоди

Подготовка:

Се матат заедно јајцата, шеќерот и ванилата.

Се додава маслото и млекото и сè убаво се мати додека да се добие хомогена смеса.

Се додава брашното и повторно се меша.

Вака подготвената смеса се става во кружен плех со механизам, обложен со хартија за печење.

Се пече во загреана рерна на 200 °С, 30 минути или додека тестото да добие светлокафеава боја.

За филот, се мати слатката павлака и се додава екстрактот од ванила. Желатинот се подготвува според упатството на кесичката и се додава во изматената слатка павлака.

Пандишпанот се вади од механизмот и се сече на половина по средината. Долниот дел се враќа назад во плехот. Од страните се редат јагодите исечени на половина.

Се додава филот и се поклопува со втората кора од пандишпан. Одозгора се премачкува со остатокот од филот.

Вака подготвената торта се става во фрижидер за да се стегне. Пред послужување се декорира по желба.