Рецепт и видео презентација на Том Филос – Рецепт за брза баклава. Сочна баклава која се приготвува многу едноставно, така што можат да ја направат и почетници во готвењето. За сите љубители на сочните ориентални слатки, ова е полн погодок – и брзо и лесно.
За да ја приготвите оваа многу вкусна и сочна баклава ќе ви бидат потребни следните состојки: 10 готови кори за баклава, 150 г растопен путер, 80 г кокосово брашно, 2 филцани шеќер, 2 филџани вода, 2 тркалца лимон и малку путер за премачкување на плехот.
За преливот на баклавата ќе ви биде потребно: 2 јајца, 250 мл млеко, 50 г шеќер, 100 г растопен и изладен путер, 40 г гриз, 15 г прашок за печиво (1 1/2 кесичка), 10 г ванилин шеќер (1 кесичка) и рендана кора од половина лимон (претходно истретирана со сода бикарбона).
Потребни состојки за сируп: 2 филџани (за кафе од 150 мл) шеќер, 2 филџани вода и 2 тркалца лимон. Сите состојки ставете ги во тенџере на оган, па откако ќе зоврие, варете го сирупот пет минути. Потоа тргнете го на страна и оставете го целосно да се олади.
За тоа време земете плах со средна величина и убаво намастете го со путер. за приготвување на оваа баклава ќе ви бидат потребни 10 листови готови кори. Исто така, ќе ви биде потребно и 150 г растопен путер за премачкување на корите преку целата површина.
Земете една кора и премачкјате ја со путерот со помош на силиконска четка. Одозгора наросете со малку кокос, а за целиот колач ќе ви биде потребно вкусно 80 г кокосово брашно. Со помош на прстите зафатете ја кората од едниот крај и брзо започнете да ја собирата гужвано како армоника.
Вака собраната и згужвана кора ставете ја во претходно приготвениот плех. Повторете ја постапката и со другите кори, па редете ги една до друга во плехот. не ги стискајте премногу, за сепак, да останат малку растресити. баклавата ставете ја во претходно загреана рерна на 190 степени.
Корите се печат само 15 минути, а за тоа време пригответе го преливот: Во длабок сад ставете 2 јајца и со маталка добро изматете ги. Потоа додадете 250 мл млеко и уште малку промешајте. Во смесата додадете 50 г шеќер и промешајте за да се растопи.
На крај постепено додадете 100 г растопен и изладен путер, а кога и него ќе го соединете, во смесата додадете 40 г гриз, 15 г прашок за печиво, 10 г ванилин шеќер и рендана кора од половина лимон (претходно лимонот добро измијте го со сода бикарбона).
Убаво изматете со маталката додека сите состојки да се растворат и соединат во еднолична смеса. За тоа време корите треба да се печени, па извадете го плехот од рерна. Рамномерно прелијте ги корите со преиготвениот прелив и вратете да се допече уште 20 минути на 190 степени.
Печената баклава извадете ја од рерна и додека е топла полека и рамномерно прелијте ја со ладниот сируп. Оставете ја баклата да се олади и убаво да го впие сирупот. Потоа сечете ја и послужете ја. Сите детали од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.