Home Народна медицина Како да се излечи настинка за 1 ден

Како да се излечи настинка за 1 ден

Настинките и грипот се најчести заболувања на респираторниот тракт. Повеќето луѓе овие симптоми ги чувствуваат неколку пати во текот на годината, обично на пролет и на есен. Ако чувствувате дека ќе се разболите, морате веднаш да превземете неопходни мерки.

Еве три едноставни, но ефикасни и проверени народни рецепти кои ќе ви помогнат да се изборите со почетните симптоми на настинката, како и евентуално да се спречи нејзиното напредување:

​

1. Овој напиток може да се смета како замена за шумливите таблети, а можете да го направите сами.

Во 1,5 литар сварена и оладена на собна температура вода, додадете 1 супена лажица крупна морска сол, сок од 1 лимон и 1 грам витамин Ц во вид на шумлива таблета, кој содржи аскорбинска киселина.

По желба можете да засладите со лажица мед. Убаво измешајте го растворот и консумирајте го во рок од 1,5 час.

​

2. Загрејте 100 милилитри црвено вино, во него додадете ¼ лажичка мелен црн бибер и 1 лажица мед.

<

Промешајте и испијте го топло пред спиење.

3. Познат лек против настинка и кашљица – топло пиво со мед:

Шише пиво од 0,5 литри загрејте во некој сад. Тргнете го од оган и додадете 2 лажици мед, прстофат цимет и каранфилче и промешајте. Консумирајте во текот на вечерта, пред спиење, мали голтки, а после легнете си.

Мора да се напомене, дека овој раствор има прилично непријатен вкус, но кај настинките и кашлицата дејствува многу ефикасно.

Овој напиток ја омекнува кашлицата, поседува анти инфламаторно дејство, ги поттикнува потните жлезди кои ја извлекуваат настинката од организмот.

uspesnazena.com

​

НМД сепак ќе напомене дека најдобро е, пред да се превземе било што, да се отиде на лекар, кој ќе утврди дали се работи за обична настинка или грип и ќе ви препорача соодветна медикаментозна терапија. Во тој случај народните рецепти ќе бидат само подршка на лекувањето.