– Оваа торта беше главен хит на роденденот на син ми, сите ми бараа рецепт!
Потребни состојки
КОРА
5 белки
5 лажици шеќер
5 лажици мелен плазма кекс
ФИЛ
15 жолчки
250 г + 4 лажици шеќер
½ литар млеко
2 пудинзи со вкус на слатка павлака
375 г путер/маргарин
Остатокот од 300 г плазма кекс
100 г бело чоколадо
И уште:
4 крем шлаг со вкус на ванила
Постапка:
1.Од целото пакување 300 г мелен плазма кекс – одвојте 15 рамни лажици за 3 кори, а остатокот сочувајте го за фил.
2.Изматете ги белките, додадете шеќер и мелена плазма, па испечете ги корите на 200 степени околу 20 минути.
3.За фил на пареа згответе ги жолчките со 250 г шеќер, посебно сварете ги пудинзите во млеко со 4 лажици шеќер. Кога филовите ќе бидат изладени, изматете ги со маргарин или путер, додадете го остатокот од плазма кекс и ренданото бело чоколадо.
4.Шлагот изматете го според упатството на кесичката, па филувајте ја тортата: кора-фил-шлаг.