Речиси секој некогаш во животот се соочил со тесни и неудобни чевли. Овој проблем е особено случај со новите „неразгазени“ обувки.
Доколку станува збор за обувки од природен материјал, првенствено од кожа, не очајувајте! Постои решение за овој проблем!
Она што треба да го направите е следното:
Земете две пластични кеси со зип затворувач. Ставете во нив ¼ вода. Добро наместете ги во секоја чевла посебно, па заедно комплет ставете ги во замрзнувач.
Објаснување:
Кога водата замрзнува таа се шири и на тој начин ги проширува чевлите. По неколку часа, кога водата ќе биде целосно замрзната, извадете ги чевлите и оставете ги 20-тина минути да се одмрзне мразот. Извадете ги кесите а обувките исушете ги со фен.
Овој трик е одличен за кожни обувки и може да се рашири до цел еден број.
Може да се примени и на вештачка кожа, но запамтете дека таа има тенденција да се враќа во првобитната состојба, па така, најверојатно, процесот ќе треба да го повторите уште еднаш.