Фото и рецепт на Аргир Митровски, видео презентација на Ninik Becker – Оригинален рецепт за германски бротшен лепчиња.
Потребни состојки:
500 г сенаменско брашно + за домесување
7 г сув квасец
1 лажица шеќер
375 мл вода
1,5 лажичка сол
Постапка:
Сите состојки треба да бидат на собна температура (приближно 22-24 °C). Во подлабок сад ставете 300 мл млака вода, 7 г сув квасец и една лажица шеќер. Промешајте да се раствори шеќерот и оставете 15-тина минути за да се активира квасецот.
Потоа додадете 250 г брашно и уште 75 мл вода. Промешајте убаво и садот покријте го со проѕирна фолија. Оставете да стасува додека да се појават меурчиња на површината. Потоа додадете уште 250 г брашно и 8 г сол, па добро промешајте со лажица или со рака.
Тестото е меко и лепливо. Истресете го на набрашнета работна површина за да го доработите. Месете го околу 8 минути. Тестото формирајте го во топка, намастете го и оставете го во намастен сад да стасува покриено околу еден час. Стасаното тесто истресете го на малку набрашнета површина и уште еднаш лесно премесете го.
Поделете го на 10 парчиња и од секое формирајте топче. Покријте ги и оставете ги 15 минути. Потоа секое со оклагијата развлечете го овално со еден крај подебел. Тој преклопете го уште двапати додека да добиете кифла-лепче (погледни видео).
Кифлите-лепчиња можете да ги правите кратки или долги. Редете ги во намастен плех, покријте ги и оставете ги одморат еден час. Потоа со остар нож исечете ги малку на средината, испрскајте ги со вода (со спреј-распрскувач) и ставете ги да се печат во загреана рерна на 230 степени околу 20 минути.
На дното од рерната поставете сад со врела вода за да бидат лепчињата уште помеки. После 10 минути печење повторно испрскајте ги со вода и веднаш затворете ја рерната. Деталите од постапката можете да ги погледнете ОВДЕ