Фото и рецепт: Славица Георге

Се варат две свински ноџиња и 1 кг свинско месо (удина) во 7 литри вода, се додека месото да започне да се дели од коската.

Може да додадете и 1 кг телешка удина.

Кога е готово, се дели месото од коските, а парченцата месо се кинат на поситни парченца, па се враќаат во тенџерето.

Се додаваат 3-4 чешниња толчен лук и 3 лажички сол. Најдобро е да се проба, по вкус.

Се прелива во садови за сервирање и се остава да се стегне.

Еве уште еден рецепт за пифтија – пифтија со опаш:

Потребно:

2-3 свински нозе и кожа

1 свински опаш

1 димена коленица (околу 2кг)

1 помал врзоп зеленчук за супа

1 главица кромид

3-4 чешниња лук

2 листа ловор

Бибер во зрно

Сол

Толчена лута пиперка (буковец)

Подготовка:

Добро измиените нозе и кожа, опашот, како и димената коленица, се ставаат во голем лонец и се налеваат со студена вода, се додава исчистениот врзоп зеленчук, кромидот пресечен на половина и запечен на плотна, ловоров лист и малку бибер во зрно, па се готви на умерена температура, се додека месото да започне да се одвојува од коската, а водата да изврие до половина.

Се трга лонецот од оган и се остава малку да се излади, па потоа со лажица внимателно се отстранува вишокот мрснотија од површината.

Супата се процедува низ густа цедалка. Месото внимателно се чисти од коските, ситно се сечка и се реди на дното од некој подлабок сад во кој ќе стои пивтијата.

Се наросува со ситно исечкан лук, па сето се налева со прецедената супа и се остава да се стегне, па се чува во фрижидер добро да се излади.

Пред послужување, според вкус, може да се нароси одозгора со толчена лута пиперка.

Може да се послужи во садот во кој што е направена пивтијата или пак да се исече на коцки и да се нареди во чинија за послужување.

Во некои краеви пивтијата ја попрскуваат со винска киселина или ја послужуваат со закиселен, рендан рен.

Славица Георге

Македонска кујна, некогаш и денес